15 Мај, 2024
0.0306

УТРИНСКИ ФОКУС: Тмурно утро и дводневна жалост по несреќата кај Карпалак

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Дводневна жалост денес и утре во Македонија, а задутре и во Гостивар поради кобната несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 14 луѓе.

Сочувства за загубените животи доаѓаат од сите страни, но болката е преголема.

Трауматична ноќ, полна со болка и тага. Нема зборови со кои би можеле да се утешат семејствата на оние кои ги изгубија животите во трагичната несреќа.

Повредени се над 30 луѓе а петтмина се во критична состојба, од кои двајца во повеќе критична. Седум лица загинале на лице место а во автобусот имало 51 патник вкупно со возачот кој ја преживеа несреќата.

Денеска на местото на несреќата кај село Ласкарци глетката е тажна. Расфрлани куфери, облека, лични документи на оние кои беа во автобусот чии остатоци денеска ќе се носат на вештачење за да се утврдува можен дефект или неправилности.

Причината на кобната незгода не е позната, а истрагата уште трае.

Очевидци раскажуваа грозни сведоштва. Спасувачите мораа да го сечат делот од автобусот за да дојдат до повредените.

-Се чувствуваше многу мирис на бензин и стравувавме дека автобусот ќе експлодира-кажа еден очевидец.

Во автобусот се наоѓаа работници кои од Скопје тргнале кон Гостивар каде живеат повеќето од нив, но меѓу патниците имаше и деца.

Енергетски реформи ама и големи маани: Нафтените резерви се намалуваат, пари нема

Надоместокот за компаниите кои ги чуваат државните резерви на нафта, а кој државата не го плаќа, но и количината на резерви што ја има Македонија - тоа се едни од клучните нерешени проблеми во енергетиката. За нив свои забелешки има и Европската енергетска заедница (ЕЕЗ). Директорот Јанез Копач од Скопје потенцираше дека ова прашање кое неколкупати се одложува набрзо треба да се реши. И ЕЕЗ очекува Министерствто  за финансии набрзо да ги донесе подзаконските акти со кои на Окта, Макпетрол и на Лукоил ќе им се плаќа компензација за чувањето на резервите.

Зошто плаќаме 109 евра мегаватчас зелена струја и сме најзагадена земја во Европа?

За произведените зелени 326.700 мегаватчасовиструја лани сите ние заедно сме платиле 35,7 милиони евра. Од тие пари околу 10 милиони евра завршија во државната ЕЛЕМ, а другите 25,7 милиони евра ги поделиле 176 приватни фирми кои се привилегирани производители на струја. Меѓу нив се 3 фирми кои земале 9,5 милиони евра, а произведуваат струја од животински измет. Со произведената зелена струја за цела година лани можеле да се покријат потребите на Македонија за неполни 20 дена и тоа чини 35 милиони евра. Може ли со тие пари да се реши системски загадувањето на Скопје?

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава