09 Мај, 2024
0.0305

УСВОЕН ПРЕДЛОГОТ НА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, Димитров ги поздравува напорите на ЕК

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Колегиумот на комесари на ЕУ денес ја усвои новата методологија на процесот за пристапување во Европската унија чија цел е повторно воспоставување на веродостојна перспектива на членството на Западен Балкан во ЕУ, рече европскиот комесар за проширување Оливер Вархели.

На конференцијата за новинари во Брисел, Вархели рекол дека земјите членки на ЕУ би требало да ја одобрат новата методологија пред Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Загреб, во мај, паралелно со покренување на преговорите со Македонија и Албанија.

Вархели рекол дека ревидираната методологија на пристапни преговори со ЕУ како „прв елемент на новата стратегија која ја претстави Европската комисија“ се занова на четири основни принципи, кредибилитет, јакнење на политичкото водство, динамика и предвидливост.

-Тоа се начела со кои сакаме да осигураме дека процесот ќе биде веродостоен, динамичен и силно политички воден-рекол Вархели.

Се огласи и шефот на дипломатијата Никола Димитров

„Ги поздравуваме напорите на Европската комисија за подобрување на пристапниот процес. Новата методологија придонесува за зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот. Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес“, се истакнува во соопштението на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров нагласува дека регионот, нема од што да се плаши со воведувањето на реверзибилноста.

„Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион.“ - посочува шефот на македонската дипломатија.


ФОТО: Oliver Varhelyi in AFET; Photo: European Union

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“