Уставен времено ја „замрзна“ мерката за ограничување на движењето за малолетниците и пензионерите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Мај, 2020
Уставен суд времено ја „замрзна“ мерката за ограничување на движењето за малолетни лица и пензионери.
Уставниот суд на денешната седница ja „замрзна“ Уредбата на Владата за двете категории на граѓани кои ќе може да се движат како и останатите од 5 часот наутро до 19 попладне. За лицата до 18 години досега беше дозволено движење од 12 до 19 часот, а за лицата над 67 години од 5 до 12 часот.
Образложението од Уставниот суд е дека мнозинството на судии сметаа дека мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани. Одлучено да се поведе и постапка за мерката за чија уставност ќе се гласа на некоја од наредните седници.