17 Мај, 2024
0.0282

Успесите на Виз Ер Скопскиот Маратон во светскиот фокус: Македонија на насловната на Distance Running!

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Препознатливоста на Виз Ер Скопскиот Маратон како име и спортски бренд е раширена не само во Македонија, туку низ многу Европски земји и пошироко. Виз Ер Скопскиот Маратон, со својата досегашна реализација на маратонските трки низ годините, повторно и упорно го докажува својот професионализам и стекнатото искуство, кое е заслужно за успешното одржување на оваа спортска манифестација во Скопје секоја година.

Притоа, не е воопшто изненадувачки што фотографија од овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон на Ванчо Џамбаски, се најде на насловната страна на најновото издание на најпрестижниот магазин за маратонско и улично трчање во светот, Distance Running. Овој магазин се издава од страна на AIMS (Association of International Marathons and Distance Races), и се дистрибуира на глобално ниво во над 500.000 примероци!

viz er 2

Најновиот број на магазинот Distance Running, (издание јуни – септември 2016), може да се разгледа на официјалната веб страна, а истиот може да се симне и во .pdf формат на следниот линк: http://distancerunning.co.uk/my-books/2016.e3.DistanceRunning.web.html

„Навистина сме горди и пријатно сме изненадени од оваа убава вест која дефинитивно ја позиционира Македонија на светската мапа на земји кои организираат спортски маратонски манифестации во едни од најголемите светски метрополи. Голема чест е да се добие признание од ваков вид и фокусот на секој читател на новото издание на овој престижен магазин за маратонско и улично трчање, Distance Running, ќе биде токму главниот град на нашата држава. Се надеваме дека светот сега ќе добие можност да дознае повеќе за Македонија како земја, но и за повеќегодишните успешно реализирани изданија на трките во склоп на Виз Ер Скопскиот Маратон. Ова е шанса заинтересираноста за учество на маратонските трки за идната година да бидат уште поголеми од претходните,“ изјави директорот на Виз Ер Скопскиот Маратон, Кире Синадиновски.

AIMS e Асоцијација на меѓународни маратони и улични трки со седиште во Атина, Грција, во која членуваат преку 400 трки од повеќе од 100 земји од целиот свет. Виз Ер Скопскиот Маратон е член на AIMS од 2009 година.

viz er 3

Успешните приказни и пријатните искуства на многубројни учесници, кои биле дел од претходните изданија на маратонските трки во Скопје во склоп на Виз Ер Скопскиот Маратон, полека, но сигурно ја креираат реалната слика во светот, за капацитетот на една мала земја како Македонија, успешно да организира спортски настан од ваков вид и на едно место да собере илјадници љубители на трчањето и спортот од целиот свет.

 Убавиот збор надалеку се слуша!

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!