17 Мај, 2024
0.0282

УСПЕШНА И НА 82 ГОДИНИ: Запознајте ја првата Јапонка која сама заработила милијарда долари

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Денес има 82 години, била пионирка на женско претприемништво во Јапонија и вели дека милијардите воопшто не ги сонувала.

Yshiko Shinohara, и покрај тоа што го изгубила татко си додека имала шест години, што се развела во дваесетите на средина на минатиот век кога тоа било проблем во Јапонија, и покрај тоа што нема високо образование, станала првата Јапонка која сама стекнала милијарда долари.

Таа денес со 82 години стана светска вест. Имала 38 години кога во својот еднособен стан во Токиоа во 1973 година ја основала агенцијата за вработување TempStaff. 

Пред шест години за Фајненшал тајмс објаснила дека тоа било период кога жените своите сопрузи морале да ги прашуваат за дозвола дури и ако побараат привремена работа. И таа тука ја воочила шансата. 

„Помислив дека можам да ја проширам понудата за жени во сите области во кои би биле во состојба да ги покажат своите способности“, рекла таа. 

Компанијата до денес станала Temp Holdings и има 313 канцеларии од Лос Анџелес до Тајван.

Магазинот Форбс компанијата ја проценува на 4,5 милијарди долари, а со удел од 25 отсто во фирмата, и по растот на акциите на компанијата, Shinohara влегла во светот на милијардерите.

„Една од моите особини е тоа што мразам да губам“, рекла Shinohara во 2010 година.

Година дена подоцна го рекла и ова: „Набрзо по венчавката, сфатив дека со задоволство не би била во брак, дека тоа не е за личност како мене. Така одлучив и да се разведам што порано. На таквата моја одлука се налутија мајка ми и брат ми. По разводот си реков дека е време да направам нешто за себе.

Вработувала жени и во еден момент, поточно во 1988 година, и паднало на ум да вработува и мажи. 

„Не благодарам, не ни требаат такви суштества“, вака на предлогот и возвратила една од менаџерките.

Но, се било очгледно дека сепак им се потребни, па почнала да вработува и мажи и одеднаш, продажбата значајно пораснала.

Тоа бил првиот клучен момент во развојот на компанијата. Вториот се случил во текот на децении економска стагнација на Јапонија во деведестите, во период кога компаниите масовно почнале да избегнуваат често вработување и се свртувале кон барање на привремена работна сила.

Секако дека тогаш и се обраќале на Темпу за нив да пронаоѓа такви работници. Shinohara денес вели дека никогаш не планирала да стане милијардерка, дека едноставно сакала да остави трага зад себе.

„Сакав да му допринесам на општеството преку бизнис“, вели оваа Јапонка.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!