17 Мај, 2024
0.0245

УСПЕШЕН БИЗНИС: Семејство од Ниш 20 години рачно прави чевли кои се носат со години

Објавено во: Финансии 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Рачно изработени кожни модна и работни чевли семејството Ненадовиќ од Ниш прави повеќе од 20 години. Таткото Драган ја основал фирмата  „Kanin doo“ во 1994 година, а синот Никола ја презел семејната фирма, ја продолжил и унапредил работата која ја започнал неговиот татко.

Драган некогаш бил комерцијален директор на кожара во Хрватска и со години работел во тој сектор. Кога почнала војната во бивша Југославија семејството Ненадовиќ се преселило во Ниш. Работа немало па Драган решил со помош на познаници од Србија да тргне со трговија на заштитна опрема, а како што работел во кожарството му се родила идеја да почне и со свое производство на чевли.

Машините во почетокот им биле половини а со години се повеќе вложувале во производство па изградиле и нов објект како би можеле да го организираат производството на една локација.

Никола вели дека неговиот татко и денес е активен во фирмата бидејќи води програм на заштитна облека и трговија со заштитна опрема додека тој и сопругата се посветиле на машкии женски модерни чевли.

„Во почетокот почнавме со производство само на машки модни чевли, но да се почне со производство на нови модели не беше лесно бидејќи бараше доста средства, време и нерви. Беше потребно прво да одредиме какви модели сакаме да правиме, тие модели да се смислат, да се вложи во кожа, алат и се што е потребно за да се развива работата. После неколку години работа и развој на машки модели, почнавме и со женска линија“, објаснува Никола.

Со оглед на тоа дека неговиот татко порано го започнал производството на работни чевли, некои машини веќе ги имале но било неопходно да се вложи во идеја и креативен дизајн како и набавка на квалитетна кожа и друга пратечка опрема.

„Производството тргна од семејна гаража додека денес имаме објект од околу 1 500 квадрати. Во производството на модни чевли влеговме бидејќи конкуренцијата, предизвикана од големиот увоз на кинеска роба на пазарот на заштитна опрема, стана неподнослива поради исклучително ниските цени како и поради условите на домашниот пазар на кој воглавно се гледа цената а не квалитетот на производот. Ние сите производи ги изработуваме од природна кожа која ја набавуваме директно од кожари во Италија“, вели тој.

Кога го покренале производството на модни чевли одлучиле да не исфрлаат колекции туку да прават чевли кои може да се носат со години, без разлика на модните трендови.

Поради тоа одлучиле да ги прават класичните модели  Oxford, Derby, Chukka подлабоки чевли, а со комбинација на разни бои создале уникатни модели. Чевлите се прават и по нарачка.

„Купувачите може да дојдат кај нас и да ја изберат својата комбинација на боја на кожа а имаме  повеќе од 70 нијанси. Може да изберат ѓон, и се што сакаат и така да се уверат во квалитетот на материјалот од кој ќе бидат направени нивните чевли. Наша најдобра реклама се задоволни купувачи“, нагласил тој.

Никола смета дека секое производство е креативна работа но воедно и многу бара бидејќи да се одржува брендот кој го граделе 20 години не е ниту малку лесно.

„Ова е работа за која треба време бидејќи се учи на сопствени грешки. Тешко е да се најдат добри мајстори а потребна е и мрежа на квалитетни добавувачи која се стекнува со години“, заклучува Никола.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!