18 Мај, 2024
0.0338

Уште едно ПОЛО падна во Битола! Запознајте го среќниот добитник од село Добромири!

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Кој е среќниот добитник на ПОЛО во Битола? Борче Вељановски е роден во село Добромири, а добитниот лоз го купил во продажното место Вагабонт, лоцирано на Широк сокак! Ова е втор автомобил што се паѓа од продажни локации на оваа надалеку позната битолска улица. Среќни тркала продолжува да ги радува играчите на Инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија. Викендов во Битола го запознавме и најновиот член на нашето семејство на среќни играчи, кој благодарение на инстант лотаријата стаса до нов автомобил. Борче Велјановски од битолското село Добромири, стаса до клучевите на своето ново Поло, благодарение на Инстант лотаријата Среќни тркала. Екипата на Државна лотарија на Македонија клучевите му ги додели токму на продажното место Вагабонт во Битола од каде Борче го купил својот  среќен инстант лоз Среќни тркала. Ова е 17тиот Инстант добитен лоз од  Среќни тркала кој како премија донесе автомобил Поло. Борче купил вкупно 3 инстант лоза од Среќни тркала од Вагабонт, а уште со првиот сфатил дека среќата му е наклонета, бидејќи уште веднаш му се насмевнале 4те идентични тркала кои значат сигурна премија, автомобил Поло. Само за потсетување на нашите играчи, Широк сокак во Битола е стартната локација каде покрај ова 17то Поло, претходно беше доделен и автомобилот Голф 6, премијата во првата серија Среќни тркала, која во 2010 ја освои млад брачен пар. Па, ете според нашите податоци се чини дека Широк сокак во срцето на Битола е среќна локација за играчите на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, затоа што покрај премијата во 2010, сега имаме и премија Поло од продажното место Вагабонт. Тајната на  инстант лозот Среќни тркала е во полето за гребење да откриете четири симболи на тркала. Согласно интересот на играчите за возилата од брендот Волксваген, втората серија на Среќни тркала ја реализираме со Порше Македонија, кои се дел од успехот на овој инстант лоз. Ова е 17ти од вкупно 20 автомобили Поло, премии во Инстант лотаријата Среќни тркала, што значи во игра се уште  3, како и бројни парични  помали и поголеми добивки . За потсетување, досега се возат 4 Поло автомобили низ улиците во Скопје, по две во Гевгелија и Ресен, а едно во Гостивар, Куманово, Прилеп, Кавадарци,  Македонски брод, Битола, Кавадарци, Тетово, Охрид, а последново ќе се вози низ улиците во Битола. Побарајте го лозот Среќни тркала, можеби во него ќе го пронајдете и вашиот автомобил како среќна премија.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата