05 Мај, 2024
0.0266

Уште една жртва од експлозијата во Романовце, засега само уште еден преживеан

Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Почина уште една жртва од експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце, со што бројката се сведе на шест загинати од вкупно седум кои се најдоа на погрешно место во погрешно време во куќата во кумановското село.

Како последица на силни изгореници, жена во возраст на 50-60 години починала во раните утрински часови, потврдуваат за Алсат од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во моментот на експлозијата пред една недела од плинската боца претходно на самото место загинаа три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години. Набрзо потоа 58-годишниот маж подоцна им подлегна на повредит по интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје. 36-годишната жена која беше повредена при експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце почина пред неколку дена.. 

Во несреќата беа повредени седум лица, кои се здобиле со висок степен на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. За случајот е известен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, кои се упатиле на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.



Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден