Уште една европска земја урна рекорд со бројот на заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Ноември, 2021 15:22
Расте бројот на заразени со коронавирусот во Европа, а Чешка урна рекорд.
Чешка вчера пријави 22.479 нови случаи, што е најголем број во земјата од 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата. Овој дневен скок е зголемување од 54 проценти во однос на состојбата од пред недела дена и го надмина претходниот јануарски рекорд од 17.778 заразени во еден ден. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) минатата недела предупреди дека Чешка е меѓу десетте европски држави каде ситуацијата е многу загрижувачка. Земјата целосно вакцинирала 57,6 отсто од населението. Бројките на инфицирани растат и во соседните држави Австрија, Германија и Словачка. Светската здравствена организација (СЗО) претходно соопшти дека бројот на заразени се зголемува во Европа, додека во другите делови на светот се намалува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република





