14 Мај, 2024
0.0248

УШТЕ ЕДЕН ЛАЖЕН ТРИК: Игнорирајте ја оваа Фејсбук порака – нема да ви помогне!

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Законот за Фејсбук, Бернска конвенција и што уште не се споменува во статусите со кои корисниците на Фејсбук сакаат да ги заштитат своите податоци, но објавите се бесмислени.

Фејсбук неодамна ги промени правилата на приватност односно воведе нови можности за подесување и за тоа ги извести корисниците. Секој пат кога тоа се случи се појават синџири на статуси во кои се споменуваат некои закони, прописи или правилности на кои оној кој го објавува тој статус повикува т.е не дозволува Фејсбук да ги користи неговите податоци и прогласува авторски права на своите статуси, податоци и фотографии.

Се работи за, секако безмислен синџир на измами кој го започнал кој знае кој и кој знае кога и кој нема никакво влијание на подесувањата на приватноста на вашиот Фејсбук профил.

Меѓутоа, една од основните работи која како корисник треба да ја знаете е дека подесувањата на приватноста не се менуваат со објавување на статус.

Подесувањата на приватноста може да ги промените доколку во главното мени изберете Подесувања па потоа Приватност - тоа е дел каде одредувате кој може да ги види вашите фотографии и статуси, кој може да ве најде по начинот на пребарување, а кој може да ве контактира.Што се однесува до сопственоста и авторските права над фотографиите и статусите - кога сте отварале профил на Фејсбук, сте се согласиле на условите за користење во кои пишува што се Фејсбук следи и на што се има право -  а тоа секако не се менува со објававување на статус ниту повикување на Законот за Фејсбук.

Ако не ви е јасно за кој статус зборуваме прочитајте го подолу.
„Денес во 10.00 часот стапи на сила Законот за facebook. Изјавувам дека за употреба на моите лични податоци и фотографии е потребна моја согласност (Бернска конвенција). Секој што го чита може да го копира овој текст и да го објави на својата ФБ страница. Тоа ќе го стави под заштита на Законот. Ја известувам администрацијата на ФБ дека од овој момент е забрането објавување, копирање и дистрибуирање на моите лични податоци или преземање на било каква друга акција против мене врз основа на мојот ФБ профил и неговата содржина. Содржината на овој профил е под невидлива ознака „ПРИВАТНО“ и не смее да се нарушува. (UKC 1 1-308-1-103 и Римски статус). На сите членови се препорачува да го објават ова известување во оваа форма или дополнето со нови детаљи кои се однесуваат на можноста за злоупотреба на податоци од ФБ профилот и приватните преписки кои се во врска со ФБ комуникацијата. Препорачливо е известувањето да се објави во оваа форма. Ако изјавата не ја објавите на вашиот ѕид, ќе се смета дека преќутно сте дозволиле да се користат вашите лични, биографски податоци, фотографии и останати елементи од профилот како и испраќање вируси во мое име.“

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН