08 Мај, 2024
0.0232

Уште документи - Уште една недела до затворање на Казандол

Објавено во: Економија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Поставениот рок од 7 дена за изнаоѓање на правни аргументи со кои Владата на Република Македонија требаше да го затвори рудникот за бакар „Казандол“ и да го раскине договорот за концесија за експлоатација на руда со инвеститорот Сардич нема да биде сега исполнет.

Затоа Владата си остави просторот целосно и квалитетно да ги обезбеди сите документи со кои ќе се комплетира правната аргументација за наоѓање на причини за раскинување на договорот и прекин на изградбата на рудникот „Казандол“. 

„Неопходно е целосно докомплетирање на документацијата и аргументацијата до наредната владина седница, за да се спроведе постапката за раскинување на договорот со концесионерот на рудникот Казандол“, соопшти Владата на РМ.

Од Иницијативата „Спас за Валандово“ посочија дека се во исчекување на конечната одлук а и порачуваат дека битката за стопирање на изградба на нови потенцијално штетни рудници нема да застане тука.

Во Валандово како и околните општини се одржаа повеќе локални референдуми кои не се задолжителни, но огромен број на гласови беа дадени за да се прекине со изградба на ваков вид на рудник за кој жителите и граѓанските еколошки организации сметаат дека може да донесе катастрофални последици врз животната средина но, и целосно да го загрози земјоделското и органското производство на храна. 

Со оглед на тоа дека наредната владина седница во принцип треба да се одржи за седум дена ќе треба да се почека уште малку пред конечната одлука која на Југоистокот со нетрпение се очекува, особено по огромното ангажирање на самите граѓани, како и очекувањата по дадените ветување на СДСМ и самиот премиер Заев дека нема да се дозволи изградба на рудник кој е потенцијално штетен за здравјето на луѓето и квалитетот на живот.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката