УРНАТИ ПЛЕВНИ, ИСПУКАНИ КУЌИ, ОДРОНИ: Земјотресот направи материјални штети во Црна Гора
Објавено во: Балкан 14 Март, 2024
Има материјални штети од земјотресот кој денеска ја погоди Црна Гора и кој го почувствуваа и жителите на околните земји.
Поради свлечиштето, патот кон граничниот премин Крстач беше затворен за сообраќај до раните утрински часови. Мештаните го расчистија патот за да може да помине полицијата. Одрони имаше и на неколку делници од локалниот пат во Голија.
Претседателот на месната заедница Крстач, Драгољуб Манојловиќ за „Вијести“ раскажа дека во Голија каде што бил епицентарот на земјотресот кај селото Чараѓе е причинета поголема материјална штета.
„На Миладин Манојловиќ му ја срушија плевната, а од секое село на Голија ми викаат дека им се испукани куќите и плевните, дека има многу оштетени покриви. На патот Никшиќ – Крстац има неколку одрони“, изјави Манојловиќ.
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе територијата на Црна Гора за четири часа и шест минути, а тресењето на земјата е почувствувано и во Србија, Македонија, како и во Босна и Херцеговина.
Нов земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 14 часот и 31 минути по локално време. Епицентарот бил на 32 километри од Никшиќ, односно на 25 километри од Билеќа во БиХ, на длабочина од 11 километри.