19 Мај, 2024
0.0290

Упорно слаби со капиталните трошења: Каков ребаланс ни треба?

Објавено во: Економија 26 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Годинешниот ребаланс се уште е отворено прашање, ако се се суди по изјавите на владините претставници. Премиерот вчера тврдеше дека за тоа ќе се одлучува во петок неделава. Но вчера и Министерството за финансии ги објави податоците за извршување на буџетот до август годинава. Ако приходите се реалзиираат прилично добро или според планот, она што се провелкува како проблем цела оваа година останува рак рана и понатаму. Имено до осмиот месец годинава се реализирани само 23 отсто од проектираните пари за капитални проекти за годинава. Тоа не е ни четвртина од предвидената сума, иако бројките се за осум месеци. Во суми, Владата потрошила годинава само 91 милиони евра од планираните 391 милион евра.

Вкупните приходи за овие осум месеци изнесуваат 1,977 милијарди евра или собрани се околу 63 проценти од вкупно планираните. На расходната страна, реализацијата е исто така над 60 отсто за осум месеци. Сепак во овој дел, капиталните трошоци се потфрлени.

Од планираниот буџетски дефицит, Владата потрошила 37,5 проценти за осум месеци, или минусот во дрќавната каса изнесува 111 милион евра.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека во петок ќе има состанок во Министерството за финансии на кој ќе се одлучи дали ќе има ребаланс на буџетот или не. Рече дека нема потреба, но дека има некои потреби кои треба да се реализираат. Според него, годинава ќе се оствари проектираниот раст од 3,2 проценти и рече дека очекува да се зголеми реализацијата на капиталните инвестиции.

„Од оние 400 милиони евра кои се капитални инвестиции во Буџетот само еден дел се трансфери за гасификација, железница и патишта. Капиталните инвестиции патишта, железници и инфраструктура се надвор од реализацијата на капиталните инвестиции и само 200 милиони евра се буџетски средства во реализацијата. Синтетички и аналитички гледано внатре за мене постои можност во огромен процент целото тоа да се рализира, рече Заев.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници