30 Април, 2024
0.0307

Универзална сала се реконструираше за 2 милиони евра, следуваше уште еден тендер

Објавено во: Македонија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Од денеска на местото на култната „Универзална сала“ постои само металната конструкција, откако репрезентативниот објект го зафати огромен пожар претпладнево, засега од непознати причини.

„Универзална сала“ изгоре додека во тек се одвиваа градежните активности за реконструкција на надворешниот дел, по што требаше да следува договор со оператор за ново внатрешно уредување.

Градежното проектантско трговско друштво Универзал-Балкан во 2021 е избрано за носител на групата проектанти која за 2 милиони евра врши реконструкција на фасадата и кровот на Универзална сала.

Вкупната вредност на договорот изнесува 115 милиони денари.  Договорот вклучува рушење и демонтажа на фасадата, но и на куполата, подовите и другите елементи, ископ, бетонирање, армирање, монтажа на челична конструкција, нанесување на фасадата. Универзална сала требаше да добие нови врати, нов челичен лим на покривот и нова изолација.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата за овој култен објект во Скопје одвои средства во износ од 120 милиони денари. Во меѓувреме следуваше ковид-периодот, а потоа новата градоначалничка Данелка Арсовска не покажа интерес да продолжи со реконструкцијата, со изговор дека има недостатоци во проектирањето. Од оваа година ингеренциите од Град Скопје ги презеде Министерството за култура.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

И ЗНАМ ИМА УСЛОВИ: Максим објасни што бара од партиите за можна коалиција

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

ЛОГА: Oд Турција добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

МИЦКОСКИ: „ТОЧНО ЗНАМ АЛИ ШТО ПРАВИШ СО СОРАБОТНИЦИ И ТВОИТЕ БАНДИТИ ВО БУТЕЛ И ЧАИР“: „Се собираат во стан во Топанско поле наоружани до заби“

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: Новото партиско раководство треба да подаде рака кон нашите членови што заокружиле за Максим

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски