18 Мај, 2024
0.0285

Унгарија оди чекор подалеку: Пушта струја на оградата со Србија

Објавено во: Балкан 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Наредба да биде пуштена струја по оградата меѓу Унгарија и Србија издаде унгарската влада. Напонот е мал - 900 волти што не би можело да убие или рани сериозно човек. 

Целта е полицијата да добива навремео сигнал за секој контакт со оградата и обид за кршење на граничната ограда , пишуваат српските медиуми.

Унгарија ја започна изградбата на оградата на почетокот на годината и во мај таа беше подготвена. Оградата беше наречена "паметна", бидејќи освен што е опремена со бодликава жица, по неа се поставени и термокамери, уреди за ноќно набљудување. 

Објектот го регистрира секој обид за нелегално поминување, што треба да доведе до намалување на бројот на полицајците и војниците, кои патролираат по долгата 175 километри граница со Србија.

Во меѓувреме Австрија најави дека планира да распореди војници на границата со Италија и да ги врати граничните проверки, ако приливот на мигранти не се намали. Австрија има 750 војници и четири оклопни возила, кои се подготвени да бидат распоредени на границата уште овој викенд. Италијанската МНР повика за објаснувања од австрискиот амбасадор Рене Полицер поради оваа намера. Еврокомесарот за буџет Гинтер Ферхојген повика на продолжување на договорот за миграција меѓу Турција и ЕУ, што беше склучен на 18 март минатата година и истекува на крајот на 2017 година.

Во интервју за весникот "Ди Велт" тој рекол дека Брисел треба да додели уште 3 милијарди евра на Анкара, која ќе продолжи да се грижи да 3-те милиони бегалци сместени во кампови на турска територија. „Голем дел од оваа сума треба да бидат обезбедени од буџетот на ЕУ“, изјави Јотингер.

Над 100 000 мигранти и бегалци успеале да стигнат до Европа преку Средоземно Море од почетокот на годината, соопшти Меѓународната организација за миграција.За овој период загинале 2247 луѓе. За споредба, од јануари до јули 2016 година двојно повеќе луѓе - 231 503 стигнаа до Европа.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?