15 Мај, 2024
0.0281

Интервју Даница Личанин Блажевска, сопственик на Рептил маркети

Умешноста, инвентивноста и препознатливоста-пресудни да опстанете на овој турбулентен пазар

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

ФАКТОР: Две децении успешно го развивате семејниот бизнис на маркети. Како се случи во тој период,  да ја донесете одлуката да започнете да инвестирате во  малопродажба на прехрамбени производи?

Личанин Блажевска: Рептил маркети се успешен фамилијарен бизнис, почнат пред точно 20 години. Почетоците на РЕПТИЛ беа во октомври 1996 година. Започнавме потпирајќи се на претходното искуство на мојот сопругЗвонко Блажески, кој држеше сопствена продавница, како и на искуството на мојата мајка, која работеше 37 години во ЦЕНТРО. Кога започнавме со работа со првиот маркет, потикот за овој бизнис беше егзистенцијата, беше многу тешко. Сите од  семејството бевме вклучени во работењето. Негувајќи ја традицијата и почитување на основите правила во малопродажбата, денес, имаме 12 продажни објекти во Скопје и речиси 280 вработени лица.

ФАКТОР: Кои се клучните предизвици на кои наидовте во досегашното работење?

Личанин Блажевска: Секоја работа се соочува со предизвици. Во време на сериозна конкуренција, мора да бидете многу умешни, инвентивни и препознатливи за да може да опстанете на овој турбулентен пазар. Многу умешни во менаџирање на продажните салони и комуникацијаа со сите соработници на маркетите. Инвентивни – за да привлечете поголем број муштерии кои ќе влезат во вашите објекти и ќе станат лојални купувачи. Препознатливи – тоа  е знак на модерното време. Мора да се диференцирате од сите останати. Наш момент на препознатливост и имиџ на компанијата, се љубезноста, искреноста и професионалноста на нашите вработени.

ФАКТОР: Досега отворивте 12 продажни салони во Скопје. На кој начин ги бирате локациите? Што е пресудно?

Личанин Блажевска: Има многу фактори при избор на локацијата. Освен човечкиот сенс дека нештото ќе функционира на одредена локација, неопходно е да се употребат и дополнителни анализи, но покрај локацијата и има уште многу други услови и работи што треба да се направат и одржуваат за да локацијата биде успешна, но на крајот при донесување на одлуката пресудниот фактор е висината на закупнината.

ФАКТОР: Вработувате повеќе од 250 лица. Тешко ли е да се најде лојален персонал посветен на муштериите?

Личанин Блажевска: Ништо не е тешко доколку работите посветено и со одредена мисија и визија. Во Рептил имаме лојален персонал, кој е со нас уште од отворањето на првата продавница. Заеднички славиме јубилеен роденден. Секако, имаме и понов персонал, кој станал дел од нашето семејство, но квалитетниот персонал се гради и обучува.

Ние секогаш сме отворени за вредните, услужливите и културните работници кои ја знаат и ја ценат филозофијата на добрата услуга.

Тоа е наш врвен приоритет и како семејство, секогаш сме отворени да растеме со нови комуникативни и услужливи колеги. Вработените се нашето лице. Токму оние кои секојдневно комуницираат со купувачите, оние кои ги негуваат вредностите на Рептил

ФАКТОР: Конкуренцијата во овој бизнис е голема. Што е она што Ве разликува од конкуренцијата?

Личанин Блажевска: Квалитетните производи и големиот асортиман на производи кои ги нудиме, брзата услуга, љубезноста на продавачите и искрената и топла услуга кон купувачите. Наше мото е „Пазарете со срце и задоволство“.

Токму ова кредо ја диктира нашата разлика во однос на конкуренцијата. Не би сакала да говорам за моите конкурентни, кои патем многу ги почитувам, затоа што ми даваат насоки каде треба да се движам, односно каде треба да не го насочувам своето внимание. Од конкуренцијата се учи, не се критикува.

Но, јас повеќе сакам да го следам импулсот на купувачите, нивните потреби, барања. Она што ќе ги внесе во нашите продавници и каде што ќе пазарат со срце и задоволство.

ФАКТОР: Како ги привлекувате купувачите, бројка која се повеќе расте во Вашите продавници?

Личанин Блажевска: Веќе неколку пати сум кажала дека денешните купувачи имаат огромен избор, а токму тој доведува до ситуација тие да се едуцираат се повеќе и повеќе. Едноставно и ние како семејство сме купувачи, секодневно нешто пазариме. Начинот на кој сакаме нас да не третираат како купувачи, всушност, е начинот на кој ние им пристапуваме на купувачите. Тие се нашето семејство и нормално е, за своите пари да добијат дополнителна вредност. Исто така, организираме различни акции и промоции на одредени производи за нашите купувачи. Секако, освен квалитетот на производите, многу внимаваме и на цената која е пресудна за дел од купувачите.

ФАКТОР: Која е формулата по која Рептил маркетите го гради својот успех?

Личанин Блажевска: Формулата е многу едноставна – однесувајте се кон купувачите онака како што сакате да се однесуваат кон Вас кога Вие купувате. Затоа, ние многу вложуваме во нашите продавачи и во нивните релации со клиентите. Секој наш продавач е љубезен, насмеан, комуникативен и услужлив. Кога ќе влезете во Рептил, Вие треба да добиете многу квалитетна услуга, да ги најдете производите што Ви се потребни и да ја платите најниската цена.

ФАКТОР: Оценка за бизнис климата во Македонија? Велат, во бизнисот се инвестира и во криза?

Личанин Блажевска: Според мене, успехот на бизнисот во Македонија е лоциран во малите и средните бизниси, кои се повеќе вработуваат нови лица. Тие се двигатели на економскиот развој на државата и апсорбирачи на многу невработени. Затоа, како држава, треба да вложуваме во развојот на вештините за претприемништво кај нашите сограѓани.

Во бизнисот треба постојано да се инвестира , бизнисот бара брзо да се адаптира на моменталната состојба и условите.

ФАКТОР: Имаат ли Рептил маркети крајна цел? Која е визијата? Каде се гледа после 20 години?

Личанин Блажевска: Секојдневно треба да бидете инвентивни во пристапот кон клиентите. Да нудите различни начини на соработка и трговија. Ние нудиме квалитетни и голем асортиман на производи во секој наш продажен салон со ниски и достапни цени. Исто така, работиме на комуникација со клиентите кои немаат време или сме им далеку за да дојдат во нашите продажни салони. Во дослух со технолошкиот развој и ценејќи го времето и потребите на купувачите, по повод 20 години, постоење на Рептил, ја лансиравме нашата онлајн продавница www.reptilmarketi.mk. На овој начин, ќе заштедиме време на нашите купувачи, но и ќе бидеме достапни за сите граѓани на Македонија. Затоа, ние не чекориме по патот на брзо ширање на нашите ланец продавници, туку работиме стратегиски и со доверба. Доколку работите посветено и со љубов, успехот ќе ја награди вашата трудољубивост и желба за раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти