17 Мај, 2024
0.0266

УКРАИНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ ТВРДАТ-ДРУГА КОНТРОВЕРЗНА ФИГУРА ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ПУТИН: Припаѓа на моќниот внатрешен круг и има антизападни ставови

Објавено во: Свет 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Украинските разузнавачки служби тврдат дека политичката елита во Русија не сака војната во Украина да продолжи и дека тајно се подготвува соборување на Путин. Како што наведува Mirror.uk, заговор за „труење“ на Владимир Путин може да го замени рускиот претседател со друга контроверзна политичка фигура. Украинските разузнавачи тврдат дека заговорот за смена на претседателот, наводно, започнал откако западните санкции ја осакатиле руската економија.

Украинското правосудство, повикувајќи се на украинската воена разузнавачка служба, објави дека меѓу политичката елита во Русија се формира група на влијателни луѓе кои се противат на војната во Украина и сакаат да го видат грбот на Владимир Путин. Станува збор за група заговорници кои сакаат што поскоро да го тргнат Путин од власт и да ги обноват економските врски со Западот.

Новиот Путин, за кој шишува Mirror.uk е поранешен шпион на КГБ во потесното опкружување на Путин. Станува збор за Александар Бортников, актуелен директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ), кој, како што е наведено, неодамна падна во немилост на Кремљ по огромните воени загуби на Русија и неуспешната инвазија. Изворите тврдат дека директорот на ФСБ и доверлив човек на Путин, би можел да биде фаворизираната замена.

Тој е една од ретките личности кои припаѓаат на моќниот внатрешен круг на Путин - и се вели дека го дели неговиот антизападен поглед на свет, откако претходно служел заедно со рускиот претседател во КГБ.

Путин и Бортников се познаваат од 1970-тите

Бортников и Путин се познаваат од 1970-тите, кога и двајцата работеа во тогашната канцеларија на КГБ во Ленинград (Санкт Петербург). Бортников доаѓа од провинцијата, од градот Перм на Урал. Роден е во 1951 година и е вистинско дете од Студената војна. Се вели дека тој бил доведен до врвот на неговата разузнавачка кариера во Москва само од „ентузијазмот и неговата ледена личност“.

Интересно е и тоа што Бортников, за разлика од челниците на другите руски разузнавачки служби, никогаш не кажал каде и кога се сретнал со Путин. Се претпоставува дека се запознале во училиштето на КГБ во Москва или подоцна во Ленинград, каде по обуката и двајцата работеле во тамошната служба.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра