18 Мај, 2024
0.0312

Украинската криза го суспендира „Јужен тек“!

Објавено во: Балкан 07 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на Балканот е суспендирана, како последица на политичката криза во Украина, изјави американскиот амбасадор Карлос Паскал, дипломат и поранешен пратеник за меѓународни енергетски прашања. Паскал потенцира дека како резултат на украинската криза, Брисел одлучил целосно да го запре издавањето на дозволите кои се потребни за изградба на клучниот гасовод, од кој и Македонија се надевва да добие крак. „Гасоводот „Јужен тек“ е многу важно прашање. Тој нема да донесе нови количества на гас во Европа, туку само ќе пренасочи гас кој сега минува низ Украина преку друг гасовод. За да можеме да го изградиме овој гасовод, „Газпром“ и нивните партнери мора да добијат огромен број дозволи од Европската Унија. ЕУ најави дека го суспендирала тој процес и нема да дозволи нови чекори во таа насока. Нема банка која ќе одобри средства за изградба на гасоводот доколку нема дозволи од Европската унија, така што проектот сега е запрен и нема перспектива да оди напред“, изјави Паскал, претставувајќи ја енергетската состојба во Европа по украинската криза. Тој смета дека главниот аргумент што ќе го користи ЕУ е монополската позиција на „Газпром“ во Русија и ќе бара реципроцитетно отворање на пазарот пред да може оваа компанија да инвестира во Европа. Во отсуство на „Јужен тек“, единствената реална опција за снабдување на Балканот со гас, е гасоводот ТАП на гигантот БП. Овој гасовод треба да донесе азербејџански гас, кој ќе биде нов производ на европскиот пазар, преку Турција, Грција, Албанија и Јонско Море до Италија.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?