18 Мај, 2024
0.0256

УКРАИНА: револуцијата ги јаде своите деца!

Објавено во: Колумни, Свет 28 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Старата девиза за револуцијата и децата никако да го напушти постсоветското пространство. Како да е вградена во генот на политичарите од овој дел на земјината топка. Во прв ред станува збор за сменувањето(оставката) на губернаторот на Дњепропетровската област Игор Коломојски, патем, еден од најголемите украински олигарси. Човекот кој направи своја армија по почетокот на војната во Источна Украина, кој вложи милиони долари за таа работа и кој ја сочува областа од проруските сепаратисти во Украина, не може да се занимава со политика. Така рече претседателот Петар Порошенко. „Државната служба мора да биде одвоена од бизнисот“, рече Порошенко и го прати Коломојски да си ја гледа својата работа-парите и бизнисот. А тоа што и Порошенко е олигарх, не колку Коломојски, засега не му пречи да ја врши претседателската фуункција. Вториот „изеден“ од револуцијата треба да биде Димитриј Јарош лидерот на националистичкиот „Прав сектор“. Човек кому му е наменето некое место во Министрството за одбрана. Коломојски на чело на Дњепропетровската област дојде со потпис на Порошенко во бурните пролетни месеци минатата година. На почетокот на март тој и уште еден олигарх, Сергеј Тарута, со указ на Порошенко станаа губернатори. Тарута до почетокот на октомври минатата година беше губернатор на Доњецката област. Порошенко издржа до пред три дена. Нивното назначување најверојатно беше мотивирано со фактот дека тие во своите региони имаа големи бизниси и дека се определени против Русија. А имаа можности финансиски да ја поддржуваат револуцијата, нејзиниот опстанок. Тарута денес се жали дека од целата ситуација „осиромашил“. Позадината за смената на Коломојски сега, засега, е во сферата на шпекулации. Но факт е дека тој прерасна за една година во фигура која никој не би сакал да ја има за непријател или поблаго речено за конкурент. Коломојски создаде своја војска и со неа и со неговите пари и администрацијата  ја држеше стабилноста на областа. Тоа што во военте единици формирани и финансирани од него, влегуваат главно десните сили, да не речеме украинските националисти, само ја подгреваа атмосферата во Дњепропетровск, но областа остана стабилна. Со силата на оружјето и парите и личниот авторитет на Коломојски. Ваквите луѓе добиваат моќ и веројатно Порошенко пресмета дека дојде време да ја отстрани таквата опасност. Опасноста, тие сили да почнат да маршираат кон Киев. Особено по незадоволството од мерките сите доброволни воени формации да мораат да влезат во состав на регуларната војска, Националната гарда или полицијата. Радикалите од „Правиот сектор“ не сакаат да се покорат на таквата нааредба. Тие дури не се покоруваат на наредбата на власта да ги напуштат позициите во зоната на таканаречените анти терористички перации. „Правиот сектор“ и Димитриј Јарош излегоа на големата сцена за време на Мајданските настани или како што некои велат револуција. Практично зад кулисите на Мајдан тие ги водеа конците со својата агресивност и непомирливост. И една многу благородна идеја – да се стави крај на олигархиското владеење, на корупцијата и изградба на современа држава доби несакан епилог. Нејзината кулминација беше војната во Источна Украина. Русите не можат да го гледаат Коломојски, а уште помалку лидерите на „Правиот сктор“. Тие за нив се главното зло. А се чини со текот на времето станаа опасност и за Порошенко. Па сега за да ја намали улогата и влијанието на лидерот на правиот сектор Дмитриј Јарош, претседателот, му нуди место во Министерството за одбрана. Не министер, туку во министерството. На тој начин тој би бил под контрола и не би требало да му создава главоболки на Порошенко. Факт е дека во преговорите и разговорите на Русија и Западот околу Украина, Русите како адут ги користат токму приватните војски на Коломојски и единиците на „Правиот сектор“. Веројатно тоа им задава главоболки и на претставниците од Западот. Особено по вестите за некои злосторства направени од овие војски. И не е далеку помислата дека можеби и Западот стои зад овие потези на Порошенко за да се исфрлат од игра адутите на Русија во разговорите. Овде треба да се каже дека Коломојски, кога почна атаката против него, не сакаше да чуе да поднесе оставка, па дури се закануваше со својата фиансиска моќ, а некои негови блиски намекнуваа и на воената. Но, по средбата со американскиот амбасадор во Киев, тој како да омекна. За по неколку дена да си поднесе оставка и тоа јавно пред ТВ камерите во присуство на претседателот Порошенко. Како што правеше рускиот претседател Борис Елцин сакајќи да даде тежина на неговите одлуки. Јарош се уште не се изјаснил, а командантите на  воените единици  под негва контрола не сакаат да чујат да се повлечат од фронтот и да влезат во редовите на регуларните сили. Имаат ли цена ваквите „жртви“? Коломојски не е играч на ситно. Тој е лидер меѓу олигарсите со своето богатство. Ако Порошенко го праќа подалеку од политиката и му вели да се врати на бизнисот тоа секако има некаква порака. Коломојски меѓу другите бизниси е и сопственик на најголемата банка во Украина. Има многу удели во компании кои носат големи профити, а се во доминантна државна сопственност. Дали можеби Коломојски не е уценет од државата дека ќе се удри по негвите бизниси? Или пак му е речено дека ќе биде оставен раат, само да се откаже од политиката. А што ќе стане со Дњепропетровската област? Кој сега ќе биде гарант на стабилноста таму? Ако за Коомојски остануваа многу неодговорени прашања, за Јарош е јасно. Доколку се согласи на служба во министерството, тогаш може да каже збогум на својата политичка кариера. Од она како се покажа тој за време на настаните на Мајдан и потоа на Истокот на Украина не е за верување дека ќе сака да стане државен службеник. А, можеби и него ќе го викнат на средба во американската амбасада во Киев. Па потоа Порошенко ќе може на раат да се разбере со други олигарси и политичари, чија тежина не е како онаа на Коломојски и Јарош. Како и да е човек во овие времиња да не е во кожата на претседателот Порошенко. Притиснат од олигарсите, од нивните поддржувачи во украинската влада, но и од радикалните сили, ќе мора да покажа голема умешност да излезе на крај со нив. Ако го направи тоа ќе му биде полесно во идните „битки“ со Русија. Мирче Адамчевски

 

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе