15 Мај, 2024
0.0249

Украден златниот накит за ѕвездите во Кан, тежи 1 милион долари

Објавено во: Стил 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во спектакуларен грабеж во Кан од хотелот „Новотел“ е украден накит вреден еден милион долари,  производен од златарницата „Шопар“, а кој според пишувањата во светките медиуми требало да го носат ѕвездите на црвениот килим на филмскиот фестивал. Вредните обетки и ѓердани се сопственост на луксузната швајцарска компанија која е еден од официјалните спонзори на фестивалот. Според полицијата, накитот се наоѓал во сеф, кој крадците го откорнале и го однеле од хотелската соба.