19 Мај, 2024
0.0249

УЈП има проблем со неограничената можност за сторнирање на фискалните сметки

Објавено во: Финансии 31 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Врз основа на анализа на податоците од фискалните системи на опрема со вграден ГПРС уред констатирани се состојби со голем број на сторни фискални сметки кај некои даночни обврзници. Кај некои од овие обврзници е констатирано континуирано дневно сторнирање на фискални сметки што го надминува бројот од 130 дневно со сторниран вкупен дневен промет што се движи и до 40.000 денари – потенцира Сања Лукаревска, директорката на УЈП.

Во март и април годинава, како што рече, сторнирани се вкупно 4.127 сметки со вредност од над еден милион денари и тоа само кај еден угостителски објект во Скопје, од 100.000 до 500.000 денари има 185 сторнирани сметки кај три угостители во Скопје, Охрид и Прилеп, а од 50.000 до 100.000 денари сторнирани се 76 сметки за еден месец кај еден угостителски објект во Скопје.

– Вкупно во март и април кај 144 најчесто помали даночни обврзници утврдени се 5.097 сторни сметки. Тоа значи дека даночниот обврзник му дава на потрошувачот фискална сметка, но доколку тој не ја земе оди на ризик дека ќе биде сторнирана и врз основа на тоа се прави еден вид на затајување на данокот. Оваа состојба може да кажам дека е алармантна – рече Лукаревска.

Појасни дека законски не е ограничен бројот на фискални сметки што можат да бидат сторнирани, но додаде дека кај објектите кај кои постои сомнително сторнирање на сметки Управата спроведува повеќегодишни ДДВ контрлоли и контрола на персоналниот данок неколку години наназад за да се утврди вистинската состојба.

Најави дека наскоро УЈП ќе спроведе кампања за покревање на свеста на граѓаните да бараат, а фирмите да издаваат фискални сметки, како и дека летово ќе се зголемат контролите во туристичките агенции и летните фестивали и фестови.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат