14 Мај, 2024
0.0280

УГОСТИТЕЛИ: Сами ќе ги затвориме кафулињата на две недели, ама дали ќе се намали бројот на новозаболени

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат, прашуваат од Независна угостителска комора, откако вчера Владата усвои нови рестриктивни мерки за угостителските објекти. Оттаму велат дека новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на заболени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила без никаква контрола и никакви механизми за заштита и превенција на личното и јавното здравје.

„Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели. Но, што ако КОВИД-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да се признаат дека угостителските објекти не се причина за зараза туку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, наведува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски во дописот до медиумите.

Тој дури тврди дека се носат рестрикции без никаква дебата или консултација со угостителите, естрадните уметници или коморите и здруженијата. Дава и лична квалификација кон докторот Караџовски и Комисијата за заразни болести за кого тврди дека самоволно, само поради десетина неодговорни угостители и угостителски објекти, одлучи да казни 6.500 угостители со 35.000 вработени.

„Многу побезболно, подобро и поквалитетно решение ќе беше Владата наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести, да излезе во пресрет на барањата на директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите, да даде поголеми надлежности и пренесе нови овластувања на Државниот пазарен инспекторат. Таквото решение и нова ригорозна казнена политика за непочитување на протоколите ќе овозможи инспекторите од ДПИ веднаш да ги казнат, затворат и пломбираат угостителите кои не ги почитуваат важечките законски прописи, уредби и протоколи за работа со што ќе се овозможи на сите останати угостители кои максимално се залагаат во почитување на истите да работат со цел да опстанат, истакнува Јосифовски.

Тој прашува и дали се само угостителите одговорни и криви за т.н. големи настани или и спонзорите. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада