УДАР ЗА РАБОТОДАВЦИТЕ: Заминуваат и работниците со добри плати
Објавено во: Балкан 09 Април, 2017
Загрижувачки станува трендот на заминување од БиХ во Западна Европа.
Но, интересно е тоа што во последните 2-3 години заминуваат и работници кои во земјата имале добри плати.
Ова на работодавците веќе им создава сериозни проблеми.
Компанијата Зах од Босанска Крупа која вработува 100 луѓе, лани ја напуштиле неколку луѓе.
„Во последно време се забележува дека работниците заминуваат во многу поголем обем од порано, посебно млади момчиња. За кратко време си замина група момчиња кои кај нас работеа неполна година. Но, отидоа и некои долгогодишни работници“ - вели Азра Хузеировиќ, шеф во оваа компанија.
И во фирми каде платите се натпросечни за БиХ, каде се даваат одмори, регреси, потврдуваат дека има одлив на работници.
Друг проблем за газдите е што сега тешко можат да најдат квалитетна работна сила.
Им недостигаат келнери, готвачи, туристички водичи.