18 Мај, 2024
0.0277

Учениците од „Нова“ истражуваа дали играњето видео игри ги подобрува рефлексите

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Дали кофеинот влијае на растот на растенијата? Која фрекфенција на звукот го гаси оганот за најкратко време? Дали играњето на видео игри ги подобрува рефлексите? Ова се само дел од прашањата на кои учениците од меѓународното училиште „Нова“ се обидоа да најдат одговор, а проектите ги презентираа на Саемот на наука кој се одржа вчера во оваа образовна институција. Околу 130 деца од шесто, седмо и осмо одделение ги презентираа своите истражувања на различни теми и посетителите можеа да погледнат проекти насочени кон прашања од типот дали времето на магнетизирање на иглата влијае врз функционирањето на компасот; кој е најогноотпорен материјал; како соларниот панел влијае врз температурата на просторијата итн. Ова е десетто издание на традиционалниот саем на наука и досега стотици ученици во „Нова“ имаат презентирано истражувања од повеќе научни сфери.

- Со оглед дека станува збор за јубилејно издание на Саемот одлучивме да направиме пресек на претходните изданија и да им дадеме простор на учениците да реализираат проект кој ќе биде инспириран од претходните теми на овој настан. Воодушевени сме од креативноста на децата и воедно од фактот дека се избраа толку многу атрактивни теми на кои многумина би сакале да го знаат одговорот. Саемот е традиционален настан во „Нова“ и среќни сме дека токму преку него мотивираме многу наши ученици да го продолжат образованието во универзитети кои се етаблирани во полето на природните науки – велат од меѓународното училиште „Нова“.

Професорскиот и менаџерскиот тим на оваа образовна институција посочува дека со овој начин на работа им се дава можност на учениците да се впуштат во тимска работа, самостојно истражување, критичко размислување, експериментирање, моделирање и донесување на заклучоци врз база на добиените резултати. 

Интересот за Саемот за наука е исто така голем и кај пошироката јавност поради што вратите на „Нова“ вчера беа отворени за посетителите. Настанот секоја година се одржува под различно мото и досега биле обработени теми како: „Спортот и науката“, „Во светот на иновациите и технологијата“, „Познати научници и нивните откритија“, „Да ја заштитиме животната средина“,  „Здравјето е најголемо богатство“ итн.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата