29 Април, 2024
0.0258

Учениците-иницијатори на позитивни промени во училиштата

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Учениците од сите основни училишта во осум скопски општини, веќе петта година по ред преку проектот  „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ по иницијатива на Пакомак - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка, имаат можност да учат за бенефитите од селектирањето и рециклирањето на амбалажниот отпад, но и во поширока смисла да осознаваат за волонтерската работа која развива свесност за општествените проблеми, поттикнува заедништво и активизам, соработка и изнаоѓање на соодветни решенија. 

Со својот интерактивен пристап, овој проект наиде на добар одзив кај учениците, но и кај наставниот кадар, бидејќи освен основната цел - воспоставување на единствен систем за собирање на амбалажа од пластика, поттикнува дискусии и извлекување на заклучоци, охрабрува тимска работа и преземање активности за општо добро. Резултатите од овој проект се видливи и на „теренот“, во околината на училиштата, во дворовите и игралиштата, каде скоро и да не можете да најдете фрлени пластични шишиња.

Оваа година, учениците од основните училишта во Карпош, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Бутел собраа над 32 тона амбалажа од пластика или над 1.200.000 пластични шишиња, од кои 16%, односно 200.000 пластични шишиња собраа учениците од О.У. „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, што им го донесе првото место. Другите наградени училишта се:  О.У. „Аврам Писевски“, О.У. „Кузман Шапкарев“, О.У. „Крум Тошев“, О.У. „Димитар Поп-Ѓеорѓиев Беровски, О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“, О.У. „Климент Охридски“ и О.У. „Тефејуз“.

На настанот за доделување на награди беа присутни претставници од наградените училишта, многу ученици, наставници и други поединци од страна на инволвираните субјекти и иницијатори и поддржувачи на овој проект.

„Проблемот на управување со амбалажен отпад е навистина огромен, а ние во соработка со локалните општини одлучивме да ги стимулираме учениците да работат на овој проект, што после неколку години и собрани над 170 тона амбалажен отпад од пластика, се покажа како добар рецепт“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак години наназад промовира најразлични аспекти за развој на потенцијалите на учениците, идентификација и евалуација на тие аспекти за што поголема инволвираност во општествено-одговорните активности што носат бенефит за сите.

„Им честитам на сите наградени училишта и на сите што придонесоа кон оваа огромна количина на отпад што ќе заврши на рециклирање. Ги охрабрувам сите ученици и во иднина посветено и детерминирано да работат на тоа да ги „ослободат“ парковите, игралиштата и лулашките од пластични шишиња и да ги донесат на училиште. Да живееме сите во малку почиста и попристојна животна средина“ - додаде Брдароски.

Г-ѓа. Тодорка Сајкова, маркетинг директор во Шпаркасе Банка, изјави:

„Големо задоволство е да соработуваме на проекти кои се инспирација за децата, особено што нивниот вложен труд вродува со плод и ги надминува очекувањата секоја година. Шпаркасе Банка Македонија и оваа година активно ја поддржа иницијативата на Пакомак за рециклирање отпад и одржување чиста и здрава средина за живеење. Не радува тоа што голем број на ученици и наставници се вклучија и оваа година во нашата заедничка акција, а со тоа дадоа пример за тоа што значи грижа за природата и општото добро. Како општествено одговорна банка постојано сме во потрага по нови проекти во кои можеме активно да се вклучиме и да дадеме свој придонес во подигање на свеста за бенефитите од рециклирањето. Навистина е убаво да се почувствува енергијата и ентузијазмот на децата , кои уште од рана возраст целосно се вложија во акцијата за собирање на пластични шишиња. Ја продолжуваме соработката со Пакомак и во иднина и се надеваме на уште поголем заеднички успех во проектите кои следуваат!“

Шпаркасе Банка Македонија преку својата Sparkasse Life платформа се залага за подигнување на нивото и свесноста за здрав живот во различни области, често со поддршка на проекти кои значат подобрување на животната средина. Општествената одговорност е една од позначајните стратешки определби на Шпаркасе Банка, со која таа допринесува кон развој на заедницата во повеќе сегменти. Основната цел на Sparkasse Life е да инспирира што поголем број луѓе и институции да дадат свој личен придонес преку активно вклучување во различни проекти кои се од големо општествено значење и се за општо добро.

Пакомак континуирано ги охрабрува учениците и наставниците во напорот за обезбедување на подобро разбирање на потребите на животната средина и справувањето со предизвиците на модерното живеење, иницирајќи проекти што промовираат позитивни практики и афирмираат вредности што се во најдобар интерес на заедницата.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024