18 Мај, 2024
0.0279

“Учам инглиш ленгвиџ, учам за да знам… за да можам такси да си возам сам”!

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

“Учам инглиш ленгвиџ, учам за да знам… за да можам такси да си возам сам”!. Можеби оваа детска песна звучи смешно, но за таксистите следниве три години ќе биде мотив повеќе да почнат со изучување на основното ниво на англискиот јазик. Сакале или не, од оваа обврска ќе им зависи лебот! Скопје како главен град, е интересна дестинација за домашните и за странските туристи. Македонците од внатрешноста, поради инвестициите и градбите кои се фокусирани најмногу во метрополата, доаѓањето во главниот град го гледаат како посета на некој европски центар. “Се чудат на архитектурата која е склоп од различни временски периоди”. Но, и голем број на странски туристи секојдневно поминуваат низ Скопје. Според официјалната статистика вкупниот број на туристи во септември годинава, во однос на истиот месец лани е зголемен за 5.6, а бројот на странските туристи за 14.0%. Минатата година Скопје го посетиле безмалку 100 000 туристи, со што зад себе го остави Охрид кој децении наназад беше најпосетуван туристички град во Македонија. Новината за такси превозниците кои ќе мораат да учат англиски јазик за основна комуникација со странските туристи, дел од туристичките работници ја оценуваат како неопходна. Не поради дополнителна обврска кон превозниците, туку како градење на култура на однесување и стекнување на прв позитивен впечаток од странците кои ќе ја посетат метрополата. Туризмот не трпи импровизации! Ангел Иванов еден од најискусните туристички работници кој 40 години се занимава со туристичка дејност, а веќе 25 години има туристичка агенција. Тој за Фактор.мк вели дека секојдневната комуникација со туристите, дали домашни или странски е тесно поврзана со такси превозот. “Странците сакаат и бараат квалитетна услуга, бидејќи на тоа се навикнати, а дел од таксистите кај нас, во трка по пари, во странскиот турист гледаат можност за брза и лесна заработувачка. Едно мора да научиме, вели Иванов, а тоа е дека таксистите треба својата работа да ја сватат како дуќан од кој може да се заработи повеќе, ако се понуди подобар квалитет на услугата. Кај нив во возилото влегуваат повеќе луѓе отколку кај мене во туристичката агенција. Мора да имаме чекор со современите збиднувања, бидејќи ќе не згази времето, технологијата, динамиката на животот, потребите и културата. Со подобра услуга како што е говорењето на еден, па може и повеќе странски јазици, во предност е не само таксистот, туку и другите институции, менаџери, организации кај кои се упатил туристот. Имате задоволен клиент, добро платена задача и одлична реклама во очите на другите. Јас 12 години имав туристичка агенција, кај музичкото училиште “Илија Николовски-Луј”, и учев курс по турски и албански јазик, бидејќи ми беа неопходни за полесна комуникација и развој на бизнисот. Тогаш со мене учеа и неколку разузнавачи и една наставничка од Миладиновци која предавала во мешовита паралелка и сакала да научи албански јазик за полесна комуникација со децата. Таа тогаш имаше четириесетина години, и би се запрашале, што ќе и е јазик на тие години? Но, оогиката вели друго. Таа сакаше да научи јазик заради себе и заради децата со кои подобро ќе се разбере вели“ Ангел Иванов –туристички работник. Има директори, функционери кои не знаат збор англиски и тоа создава револт кај обичниот човек Секое дополнително познавање на странски јазик е од корист, особено ако од него ви зависи работата и нејзиниот квалитет. И компјутерите и мобилните телефони пред неколку години беа непотребни, а денес никој не излегува никаде без нив, додава Иванов. “Градот Скопје, со сите свои маани и позитивни работи, станува космополитски од туристичка гледна точка. Јас не сакам да ја мешам политиката со туризмот. Ние сеуште сме крути и затворени, но познавањето на еден, два па и три јазици, не е на одмет поради полесен пристап до информацијата, подобра заработувачка и задоволни клиенти. Знаете, странецот памети и регистрира се. Не можете да му продавате култура без основни елементи, квалитетен сообрајќај и транспорт пред се. Јас патувам многу, во Бугарија еве со такси низ Софија ќе се зачудите колку е се напреднато. Ќе ви се насмевнат, ќе ве прашаат по која траса сакате да одите и ќе ви вратат кусур до последен лев или евро. Во Англија на пример, и да не зборувам. Свежо ми е искуството во Камбера, Австралија. Град во кој има многу саемски денови, манифестации. Таму се објавува конкурс за такси превозници и тоа е вистински натпревар на понуди и квалитет кој да се избори да го добие местото. Јазикот како услов одамна, или познавањето на неколку јазици е одамна поминато ниво. Култивизацијата бара свои влогови, познавање на странски јазици, култура на однесување, изграден стил на облекување. Кај нас и тој пример ми е свеж, кревам рака за такси, таксистот пуши цигара, ја гаси набрзина и димот го испушта во возилото! Без комуникација и почит, уште да сте крив што сте го прекинале во пушењето. Му велам, не благодарам, ќе се возам со друго такси-условите не ми одговараат. Има и други примери сосема различни, кога имате љубезност, почит и културно однесување, како благодарам што го користевте нашиот превоз, повелете следен пат, пријатен ден господине. Тоа мене многу ми значи, а на туристите, особено оние кои прв пат ќе стапнат на наше тло верувам уште повеќе. Јас несакам да звучи нескромно, но сум Колумбо во туризмот и според мене, мора да постои изградена култура во транспортот на патници во секоја сфера, особено во такси- превозот. Ситуацијата кај нас, кога би ги исклучил дивите таксисти за кои треба да се грижат надлежните инспектори, ферментира со пионерски чекори кон подобро, и мора така да ги гледаме нештата, ако сакаме напредок. Во главен град на држава мора да се живее градски и да се однесувате градски. За жал, има контрадикторности, кои во економија под притисок на економска криза, невработеност и сиромаштија создаваат револт, бидејќи има директори, функционери кои не знаат збор англиски и тоа создава револт кај обичниот човек, но мора тие работи да се тргнат настрана. За сопствена себепромоција и генерално добар маркетинг на државата, мора секој да делува на своето поле. Туризмот е тесно поврзан со такси -превозот и мора да се вложува во него. Светот отиде напред, ние може да сме 5 до 10 чекори назад, но сто е веќе многу. Мора да се превземе нешто. Јас комуницирам со таксистите бидејќи често ги користам нивните услуги и не е најсјајно, но сепак не е ни за потценување дневната заработувачка или платата. Затоа никој не треба да импровизира и да не излегува на терен ако не знае да игра”- вели туристичкиот работник, Ангел Иванов. Таксистите да почнат да го загреваат столчето! За да можат да превезуваат патници, таксистите задолжително ќе треба да знаат англиски јазик, до 2017 година да имаат основно познавање , а до 2019 еден степен повеќе. Така ќе можат да добијат и лиценца. Трошоците за учење ќе бидат на товар на Министерството за транспорт и врски и на општините. Таксистите ќе имаат период од три години за прилагодување на оваа новина. Туристичка комора:Обуки за таксистите за анимирање на странските гости! И од Туристичката комора на Македонија велат дека познавањето на англиски или повеќе странски јазици е предност за таксистот, бидејќи полесно ќе комуницира со странските туристи, а истите ќе ја бараат квалитетната услуга за време на целиот престој. “Туристичката комора секогаш ги подржува сите субјекти кои поднесуваат проекти, фондации, средства и варијанти за подобро пласирање на нашата земја на странскиот пазар како туристичка дестинација. Познавањето на англиски јазик или некој од светските јазици кој се употребуваат, најчесто се добар одраз на туристичката понуда. Најголемиот број на туристи кои се симнуваат од авион, воз, автобус, за главно превозно средство до потребната дестинацијата го користат таксито. Кога еден турист има потреба од такси превоз, значајно е да познава англиски или некој друг јазик за подобра комуникација, со што туристот се чуствува попријатно кога таксистот му се обрати на неговиот мајчин јазик или на јазик со кој ќе може да искомуницира и да ги добие информациите кои му требаат. Туристот се чувствува побезбедно уште при првиот разговор,во тој момент тој ќе може да ја осети гостопримливоста која го краси нашиот народ. Доколку се дадат обуки за презентирање на наши понуди и знаменитости на такси превозниците, истите тие ќе можат дури и да го анимираат туристот. Добрите пофалби на туристите за пријатниот однос и добрата комуникација на нашите такси превозници, нудат јавниот превоз во земјата да добие подобра оценка на некој од интернет сајтовите кои ќе допринесат за дополнително зголемување на интересот на дадена група или индивидуалци за посета на државата. Исто така доколку такси превозниците немаат познавање на ниту еден јазик, истото може да се рефлектира како негативна критика на познатите туристички сајтови. Познато е дека во светските туристички дестинации и метрополи такси превозниците задолжително мора да знаат еден “светски” јазик. Дури и за англиските такси превозници е задолжително со закон познавање на дополнителен јазик (германски, француски, шпански, италијански)- вели за Фактор.мк, претседателот на Туристичката комора на Македонија, Миодраг Атанасиевски. Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на летото, Скопје било посетено од близу 18 000 туристи, од кои 16 000 странски. Најмногу од регистрираните посетители биле од Словенија, Холандија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Бугарија и Кина. Според податоците од Градот и од здруженијата кои се занимаваат со туризам, странците најзаинтересирани биле за посета на кањонот Матка, поради старите цркви и пештери, Чаршијата, манастирите ‘Св. Спас” и “Св. Пантелејмон”, како и спомен-куќата на Мајка Тереза која лани ја посетиле околу 100 000 посетители. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата