Тв ѕвездата на „Би-Би-Си“ почина неочекувано на само 16 години
Објавено во: Свет 18 Април, 2019
Агентите на младата ѕвезда на „Би-Би-Си“ Маја Леција Нејлор соопштија дека ненајдено починала шестнаесетгодишната ТВ ѕвезда.
„Јунакот од детските серии “Millie Inbetween” и “Nearly Never” почина. Неизмерна е тагата и болката за неа“, се вели во соопштението на агентите.
Маја-Леција беше многу сакан лик од семејството на „Би-Би-Си“. Таа беше исклучително талентирана актерка, пејачка и танчерка. Многу ќе ни недостига“ -стои во објавата, во која не е наведено која е причината за смртта на девојчето.
Маја во своето последно интервју изјавила дека одсекогаш сакала да пее, да танцува и дека допрва ќе прави „неверојатни проекти“ .
Фото Би-Би-Си