18 Мај, 2024
0.2033

Турци ќе го градат Сончев Град?!

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

На само еден ден до јавното наддавање, во општината Сопиште пристигната е само една понуда за изградба на луксузниот грандиозен проект на јужните падини на Водно. Фактор неофицијално дознава дека понудата е од турска компанија која веќе има големи инвестиции во земјава. Соња Јованова Наумовска Само една странска компанија е заинтересирана да ја гради елитната населба на јужните падини на Водно. За Сончев град пристигната е една понуда, иако градоначалникот на Сопиште се надева дека во меѓувреме по пошта може да пристигне уште некоја понуда, бидејќи јавното наддавање ќе се одржи утре. Неофицијално, фирмата која доставила понуда е турска компанија веќе присутна во Македонија и актуелна во изградба на големи проекти. На домашниот пазар од неодамна влезени се турските инвеститори Џеваир Холдинг која ги гради висококатниците во скопската општина Аеродром и Лимак Холдинг која го гради Јужниот булевар. Интерес за градење на грандиозниот проект досега покажале многу странски инвеститори од Катар, Индија, Турција, Египет и Америка, кои биле и во посета на општината, интересирајќи се за деталите околу проектот. „Не можеме детали да откриваме, што е до наша страна ние на сите компании им го објаснивме проектот, повикот за прибирање понуди се уште трае. Пред една недела Индијците од Сахара груп беа во општината видно заинтересирани за проектот, но тие дознале за него откако беше објавен повикот па им беше краток рокот да ја подготват документацијата. Иако замолија да го одложиме тендерот за на пролет, ние сепак не можеме тоа да го направиме“, објаснува Јован Ѓорѓијоски, градоначалник на Сопиште. Инаку, според објавата, Сончев Град треба да се гради на локација од 835. 619 метри квадратни, чија почетна цена изнесува 1,6 милиони евра, или почетната цена на метар квадратен е 2 евра. Според наведените услови идниот инвеститор на локацијата треба да изгради најмногу индивидуални куќи или 51% од објектите треба да бидат куќи, а  помал дел или 9% да бидат станбени згради. Ќе се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи, училишта, објекти за рекреација...Сите заинтересирани инвеститори за да учествуваат во наддавањето мора да поднесат банкарска гаранција од 500 илјади евра. Доколку се продаде земјиштето, Сончев град треба да види бел ден дури по шест години. „Јас сум оптимист дека овој пат ќе успееме да најдеме инвеститор за Сончев Град. Парите под продажбата на земјиштето, комуналиите и данокот ќе бидат значаен импулс за општината која сега нема никакви приходи и е блокирана“, вели Ѓорѓијоски. Инвеститорот е задолжен за изградба на инфраструктурата, додека обврска на општината е да изгради пат од Водно до Сопиште и да го изгради водоводот до Патишка река. Тоа се проекти кои општината ќе ги финансира заедно со Владата. Идејата за Сончев град е стара веќе 6 години и до сега има поминато неколку фази на тендери и продажба. Во 2006 година со непосредна спогодба, пред избори тогашната Влада ја продаваше локацијата на германската компанија Бихард Констракшн Интернешнал, но Антикорупциската комисија го стопира процесот со образложение дека  за време на изборната кампања не смее да се продава државен имот. Во 2007 година пак, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно го понуди на тендер земјиштето за Сончев град,  на кој беше избрана израелската компанија ИБЦ. Според роковите од тендерот елитната населба требаше да биде изградена до 2011 годинa. Но, во 2008 година поради сомневања за наместен тендер, пропадна и таа зделка.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта