Турскиот бизнис очекува зајакнување на економијата по референдумот
Објавено во: Балкан 18 Април, 2017
Турскиот бизнис повика на структурни реформи и поттик за можностите за производство, вработување и трговија, по одржаниот референдум за претседателски систем на управување во неделата.
Најголемото обединување на бизнисот во Турција - Турската индустриска и бизнис асоцијација повика на солидарност и непосреден поглед кон иднината, без оглед на исходот од референдумот.
„Време е да е постигнеме напредок, задржувајќи ги слободите на плурализмот и солидарноста. Ги повикуваме владата и парламентот да дадат приоритет на програмата за реформи, која стои пред земјата“, велат од здружението.
Силната макроекономска стабилност, динамично население и млада работна сила обезбедуваат одлични можности, и покрај сериозните ризици поради несигурноста во глобалната економија.
„Економскиот раст може да биде постигнат преку реформи кои ја зголемуваат продуктивноста, наместо со политики кои ја стимулираат побарувачката“, се вели во позицијата.
Турскиот бизнис изрази поддршка за мерките за намалување на инфлацијата под 5%, за да се постигне макроекономска стабилност во краток рок.
Спроведувањето на структурни реформи како зачувување на независноста на надзорните и регулаторните агенции, подобрување на пазарите на капитал и алтернативните начини за финансирање, поддршка за малите и средни претпријатија, модернизација на индустриската стратегија, намалување на даноците и примарните тегови врз заложбите до просекот на нивоа на развиените земји , како и подобрување на флексибилноста на пазарот на трудот е од критично значење, смета бизнис организацијата.
Турскиот народ го даде својот глас за стабилноста и безбедноста, а економијата продолжува да е едно од најважните нешта во агендата, изјави претседателот на друга бизнис организација Наил Олпак.
„Нашата главна цел е да го зачуваме производството и да станеме посилни“, истакнал Олпак.
„Се надевам дека бирократските пречки ќе се отстранат, процесот на донесување на одлуки ќе се забрза и проблемите со кои се соочуваме, ќе се намалат за претседателскиот систем“, рекол Мехмет Букекши, претседател на организацијата на извозниците во Турција.
Тој изрази надеж дека инвестициите ќе се зголемат поради стабилноста и довербата која ја обезбедува новиот систем.