18 Мај, 2024
0.0322

“Турски поток” – жртвата на економиите во “Гаспром”

Објавено во: Економија, Свет 10 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

"Турски поток" се покажа жртва на економиите кои "Гаспром" треба да ги направи, коментира руското издание РБК. Вчера гасната компанија објави дека го прекинува договорот со еден од изведувачите на проектот - италијанската Saipem. Компанијата беше најмена од South Stream Transport да ги положи цевките под Црното Море за "Јужен поток". Од 4 декември два брода на Saipem беа распоредени во пристаништето во Бургас во очекување да биде даден почеток на изградбата. Ова сепак и не се случи, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин го замрзна "Јужен поток" и предложи на негово место да биде реализиран "Турски поток" - кон брегот на Турција. Така и Saipem добие нова наредба - да го изгради морскиот дел на новиот проект. Со месеци сепак Москва и Анкара не постигнаа договор за "Турски поток". Извори на "Интерфакс" посочуваат дека останувањето во целосна подготвеност за почеток на изградба за Saipem за половина година го чинело "Гаспром" 300 милиони евра. Ослободувањето на Saipem е всушност уште еден чекор кој го презема "Гаспром" за ограничување на трошоците за пренос на гас во јужниот правец. Пред неколку дена стана јасно дека компанијата ќе ги замрзне инвестициите за развојот на "Јужниот коридор" - трасата на руска територија, што треба да ги напојува проектите "Јужен поток" или "Турски поток", односно клиентите во Централна и Југоисточна Европа. Така единствената шанса Русија да ги реализира своите планови е да ја заобиколи Украина при транзитирање на гас за Европа засега останува "Северен поток". За време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург руската страна објасни за новите планови да изгради алтернативна траса. Намалувањето на инвестициите може да отвори и нова можност за испораките на гас во Европа, коментираат веќе од Брисел. Идејата е ЕУ да купува руски природен гас од руско-украинската граница и да се грижи за транзитот до одделните страни во заедницата. Ако тоа биде реализирано, идејата за Енергетска унија ќе биде извршена со смисла. Тогаш и Брисел ќе може да преговара како заедница со Русија за цената на бензинот и да постигне фер цена за помалите корисници, како што се Бугарија, во која се плаќа една од највисоките цени за руски гас во ЕУ. Но, сепак не е загубено се за патот на рускиот гас во јужниот правец. Не е исклучено и италијанската компанија повторно да биде поканета за изградба на некој од проектите. А дали ќе е "Јужен" или "Турски" протокот, како што велат во Брисел - ништо не е договорено додека сé не биде договорено. Да не заборавиме дека "Гаспром" се уште не ги известил учесниците во "Јужен поток" за крај на проектот.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа