Туризмот во Тунис очекува загуби од 515 милиони долари по нападот во Сус
Објавено во: Економија, Свет 30 Јуни, 2015
Туризмот во Тунис предвидува загуби во вредност од 515 милиони долари за 2015, што е вкупно една четвртина од предвидените годишни приходи на овој сектор.
Очекувањата доаѓаат како последица на нападот на плажа пред хотелот „Imperial Marhaba“ во туристичкиот град Сус во петокот, кога беа убиени 39 лица.
„Нападот нанесе огромен удар врз економијата, загубите ќе бидат големи“, предупредил министерот за туризам Салма Луми во изјавата за новинарите во петокот.
Во минатата година северната африканска земја остварила приход од 1.95 милијарди долари од својата туристичка индустрија. Секторот претставува 7% од БДП на Тунис и е главен извор на девизи и работни места.
Луми изјавил дека во обидот да ја заштити индустрија на владата планира да го укине данокот на ноќевањата, како и да разговара делумно или целосно за простување на долговите за оператори на хотели.
Освен тоа повеќе од 1.000 вооружени полицајци ќе патролираат околу хотелите и зоните за одмор, за да ја зголемат безбедноста на туристите.