Турција: Нема да има војна, туку „хируршка интервенција"
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2017
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим рече дека цената на курдскиот референдум ќе биде платена од мирното население, кое нема вина.
Јилдирим рече дека неговата земја нема да води војна во ирачкиот Курдистан, но ќе направи „хируршка интервенција".
„Регионот започна период во кој може да се појават неповратни и загрижувачки настани. Се надеваме дека нема да се соочиме со таква ситуација. Но, тврдоглавоста на ирачките курдистански власти, кои организираа гласање надвор од уставно признатите граници, особено во Киркук и Мосул, создадоа терен за отворен вооружен конфликт“- вели премиерот.
Турција нема да седи со скрстени раце, и ќе помогне на Ирак, вети тој.
Јилдирим посочи на можни „масовни убиства на етнички Туркмени во Ирак" како можна причина за воена интервенција во ирачкиот Курдистан.
Во врска со санкциите против ирачкиот Курдистан, тој рече дека е формирана работна група за ова прашање со претставници на релевантните министерства и агенции.
Читајте уште