Турци навалија да купуваат недвижен имот во Грција
Објавено во: Економија, Балкан 28 Ноември, 2016
Од септември наваму се повеќе турски граѓани почнаа да ја посетуваат Грција со цел да купат недвижен имот, пишува весникот „Катимерини".
Повеќето од Турците престојуваат во хотели во центарот на Атина, за да се блиску до двата региони од интерес за нив - околу Акропол и јужните квартови на главниот град.
Патувањата на турски граѓани со таква цел е зголемено по неуспешниот обид за државен удар и по последните политички настани во Турција.
Постои значително растечки тренд во однос на интересот на Турците за купување на недвижен имот во Грција. Повеќето од нив се заинтересирани од куќи во елитните атински предградија и населби Вулиагмени, Вула, Глифада и Пали Фалиро со поглед кон морето. Тие се подготвени да дадат и половина милион евра за еден имот, рекол за весникот сопственик на брокерска куќа.
Во голема мера тоа се луѓе загрижени за својата иднина во Турција и за тоа бараат станови и куќи во Атина.
Овие турски граѓани се богати, образовани, на возраст меѓу 50 и 60 години.