18 Мај, 2024
0.0356

Ципрас од Москва се враќа со икона!

Објавено во: Колумни 10 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Русија деновиве беше во вниманието на пошироката европска јавност, ако не и пошироко. Стануваше збор за посета на премиер на една земја членка на Европската Унија, на друга земја, Русија, која е под големи економски санкции од страна на Западот, а згора на тоа и со обиди да биде изолирана на речиси сите полиња. Почнувајќи од економски, а завршувајќи со најавеното одбележување на 70 годишнината од победата над фашизмот во Москва. Токму затоа очите на набљудувачите, политички или новинарски, изминативе денови беа насочени со големо внимание кон Москва. Во предвечеритето на посетата многумина ја предупредуваа Грција, поточно премиерот Ципрас, на „предавничката“ улога во поглед на европското единство. Демек, му одиш на гости на нашиот непријател и тоа во зловреме, кога тој ги наруши сите меѓународни норми и водеше војна во Украина“. Бирократи од Брисел не забораваа да му кажат дека не може да бара поддршка од Русија, кога од друга страна бара пари од ЕУ за да си ги реши проблемите. Во најмала рака бирај – „ Или Европа или Русија?“ Притисокот врз Ципрас беше поголем и поради фактот дека до вчера мораше да врати близу половина милијарда евра кои доспеваа за отплата на кредитите добиени во разните пакети помош, меѓу кои и од ММФ. Но, византиецот Ципрас не може да биде ништо друго освен византиец. „Целта на нашата влада е Грција да остане во еврозоната, ние бараме заедничко европско решение на таа задача“, порача тој од Москва. Со други зборови европско решение за европски, а не само грчки проблем. А тоа што сме дојдени во Русија, тоа е носење на „пролетно затоплување во грчко-руските односи“, кои, според Ципрас биле замрзнати во последните години. -Грција е суверена држава и води независна и повеќе страна надворешна политика, која ќе ја унапреди заштитата на интересите на грчкиот народ, истакна Ципрас, како одговор на забелешките од разните европски чиновници искажани спроти неговото заминување за Москва. Владимир Путин уште во првите изјави беше јасен - Ципрас не дошол по пари во Русија. Но Грција е многу погодена од руските контрасанкции кон земјите од Европската Унија и нивните поддржувачи. И таа сака тие да бидат симнати или ублажени, се разбира сака и побрзо решавање на политичката криза меѓу ЕУ и Русја, настаната поради Украина. Ципрас беше јасен во Москва - логиката на санкции воведени против Русија значи економска војна. И дека Грција е против нив. Ципрас уште не заминат од Москва, го подбраа медиуми на Запад. Бил изигран во Москва, дека таму се водел конструктивен дијало, но без резултати, дека не се остварени очекувањата итн.итн. Како може да се очекуваат резултати од една посета која е еден вид пробен балон и за ЕУ. Доволно е што таа се оствари. Многумина од ЕУ со нетрпение чекаат од прва рака да чујат што се разговарало во Москва. Политичките реакции допрва ќе следуваат. А темите кои биле отоворени во Москва доволно зборуваат дека нешто почнало да се тркала. Ципрас го болат санкциите, го боли 40 процентниот пад на размената со Русија само за една година. Го боли неостварениот прилив од стотици милиони евра само од земјоделските производи, кои во грчкиот извоз во Русија учествуваат со 50 проценти. Тој посакува руски инвестиции во туризмот и инфраструктурата, во енергетиката. Во изградбата на гасоводот, кој би го поврзала Балканот и средна Европа со „Турскиот поток“, кој што ќе оди од Русија до нејзината граница со Турција. Грција да биде енергетски јазол кон регионот и Европа. Ова и одговара и на Русија која нуди крупни енергетским објекти со различни кредитни решенија за нив. Одгворот за нив се чека од Грција. Русија нуди заеднички фирми за земјоделско производство. Таа сака да инвестира во пристаништа, аеродроми, гасоводни транспортни системи со нагласка дека „ја знаеме позицијата на балканските земји за нив“. Но Русија не отстапува и од политката на развој на културните односи, со што Ципрас се согласува. А се знае дека стратегијата на Путин уште одамна е дека политички изгубениот Балкна може да се врати со економија и култура. Официјално во Москва беа потпишани три документи. Првиот е Заеднички план за активности меѓу двете земји за 2015 и 2016 година, потоа Задничката изјава на Путин и Ципрас по повод 70 години од Денот на победата и Заеднички меморандум за организирање и спроведување на манифестациите Година на Русија во Грција и Година на Грција во Русија во 2016 година. И, ако критичароте на Ципрас велат дека тој заминал со празни раце, ќе кажеме дека не е така. Владимир Путин лично му предал на Ципрас икона „Свети Ниола Чудотворец и Свети Спиридон“. Таа икона била украдена од нацистите во годините на Втората светска војна од манастирот Спарта. Според прес секретарот на Путин, Димитриј Песков, нацистичкиот офицер кој што ја украл, бил уапсен од војниците на Црвената армија во 1945 година и предаден на грчките власти, каде што го стрелале во 1947 година. Но, иконата останала во неговото семејство, од каде што е откупена и тоа од страна на меценати, а некои други извори велат  од Русија. Песков посебно нагласува дека е откупена и „сега вратена онаму каде што треба да биде“. Како да се толкува ова?  Чудотворци ли му се потребни на Алексис Ципрас да ја извади земјата од тешката ситуација во која се наоѓа? Или пак во време кога Грција бара репарации од Германија, Русија откупува грчка икона од таа земја и и’ ја враќа „да биде таму каде треба да биде“. И тоа токму на прагот на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот. Подароците кога се даваат секогаш носат некоја симболика. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе