18 Мај, 2024
0.0400

Центарот на Скопје ќе добие подземна сообраќајница-тендерот објавен

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Градските власи го објавија тендерот за  избор на компанија која ќе го гради тунелот на меѓу булеварите ВМРО и Кузман Јосифовски–Питу. Со ова започнуваа реализацијата на овој капитален проект, со кој се надеваат дека ќе се надмине сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Подземната сообраќајница треба да има по една коловозна лента во секој правец и да биде со вкупна должина од 1.300 метри, од кои 900 метри ќе бидат под земја, а 400 метри над земја. Според документацијата  сообраќајницата треба да почне со кружен тек кај мостот Гоце Делчев и под Плоштад Македонија и Кеј 13–ти Ноември да излезе на идниот кружен тек кај булеварот Кузман Јосифовски–Питу, во близина на Народната банка на РМ. Компаниите од градежниот сектор треба да ги достават понудите за изведба на сообраќајницата најдоцна до 10 јуни, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Определи се  три критериуми за доделување на договорот, при што најповолната финансиска понуда ќе биде вреднувана со 70 бодови, додека за кадровската екипираност и за техничката опременост се предвидени максимум по 15 бодови. Кон крајот на годинава треба да започнат активностите за градење, ако сè се одвива според планираните рокови. Предвидената вредност на објектот се проценува на околу 32 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“