19 Мај, 2024
0.0260

ЦЕНАТА Е ФИКСНА: „Благој Ѓорев“ продава 50.000 акции за најбрзите, а не за тие што ќе платат најмногу пари!

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата одбрала да понуди 50.000 сопствени акции по фиксна цена од 350 денари за акција, но без јавна аукција туку по системотдојденвпишан“. Иако е се легитимно чудно е зошто компанијата одбрала да ги продава акциите по фиксна, а не по најниска цена особено што во одлуката пишува дека целта им еодржување стабилност и ликвидност на друштвото“, а со јавно наддавање можат да соберат повеќе пари. Во случајов акциите ќе ги добие тој што ќе биде најбрз, а не тој што ќе понуди најмногу пари. Заштитени ли се малите акционерифизички лица? Велешката прехранбена индустрија „Благој Ѓорев“ одлучи да понуди на продажба 50.000 акции со право на глас што сега се во сопственост на компанијата. Продажбата ќе биде по фиксна цена од 350 денари, колку што била пазарната цена на таа акција во последните три месеци. Сепак мнозинството акционери се одлучија на многу невообичаен иако легален начин на продажба! Акциите ќе се продаваат со запишување во седиштето на фирмата по фиксна цена од 350 денари, а предимство ќе има тој што е прв запишан доколку бројот на барани акции го надмине бројот на понудени акции. Поканата и проспектот компанијат ќе ги објави откако ќе добие дозвола од Комисијата за хартии од вредност, а запишувањето ќе може да се врши 14 календарски дена од денот на објава на јавната покана за упис на акции. Во одлуката на мнозинството акционери пишува дека целта поради која се прави оваа продажба освен усогласувањето со законските одредби е одржување на стабилност и ликвидност на друштвото. Токму од оваа позиција се поставува прашањето дали целта за одржување на стабилност и ликвидност ќе се постигне поефикасно преку наддавање при што цената може да расте, а компанијата да собере повеќе средства или тоа ќе се постигне со продажба на акции по фиксна цена од 350 денари? На ова прашање нема одговор и може да го бараат само триесетина мали акционери домашни физички лица кои поседуваат околу 6 отсто од акциите со право на глас. Акциите што ги нуди на продажба компанијата ги стекнала, според одлуката објавена на берзата, со нетрговски пренос  по пат на компензација заради наплата на побарување. Какви се позициите во акционерската структура сега? Според официјалните податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност велешката компанијата има 408.712 обични акции со право на глас. И уште 107.288 приоритетни акции без право на глас и тие се поделени меѓу наследници на денационализиран имот кој припаѓал на поранешни сопственици на таа фабрика која своевремено била приватна пред државата да ја национализира. Сега мнозинството акционери одлучија по фиксна цена да продадат 12,2 отсто од обичните акции со право на глас. Актуелниот распоред на сили во акционерската структура е следен: најголем акционер е фирмата „Агро Ели“ која поседува 16,55 отсто од акциите. Втор е Горан Лазов, долгогодишен директор на компанијата кој има 16,41 отсто од сите акции со право на глас. Трета е велешката компанија „Скамбио“ која контролира 9,53 отсто, а четврта е велешката фирма „Малина“ со посед врз 9,05 отсто од акциите со право на глас. Во сопствен откуп – значи без право на глас и без право на дивиденда се стерилизирани 24,86 отсто од акциите односно над 100.000 обични акции со право на глас. Сега со оваа операција половината од нив односно 50.000 акции по цена од 350 денари за акција можат да станат сопственост некои постоечки или нови акционери. Што може да се очекува? Врз основа на два аргументи: интересот на големите акционери и целта за носење ваква одлука може да се очекува дека горенабројаните 4 акционери односно 3 фирми и едно физичко лице кои сега контролираат 51,5 отсто од сите обични акции ќе бидат главни конкуренти за да ги купат акциите што сега се во сопственост на компанијата. Можеби би ги купиле повеќе заради тоа што не би сакале никој друг да не им влезе во фирмата одошто што реално им требаат зашто и сега имаат контрола врз фирмата. Но со овој деловен потег би ги окрупните своите позиции и би добиле 12,2 отсто акции со право на глас за вкупно 284.000 евра. Тие акции за нив се значајни, а доказ за тоа е што претходно немале против да ги земат во нетрговски пренос по пат на комепнзација за побарување со нивни акционер, но и деловен партнер кој должен на „Благој Ѓорев“.  

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа