26 Април, 2024
0.0288

ТРПЕНОСКИ ПО ПРЕСУДАТА - Ако не сум бил новинар, тогаш што сум барал во Собранието на 27 април

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во случајот со пресудата за 27 април за новинарот Горан Трпеноски, како што е познато, судијката се повикува на законската одредба според која „издавач на медиум е физичко или правно лица кое врши дејност на издавање на печатен медиум, или емитување на радио и телевизиски програми“, а дигиталните редакции не ги признава за медиуми.

На ова реагираше самиот новинар Трпеноски, во изјава за Утрински брифинг.

„За мене дека не сум новинар, сметам дека е голема навреда од судот. Бев во дигиталната редакција на СДК, претходно скоро 19 години бев во дневниот весник Вест. Сега доаѓа време да да ти речат ти не си новинар, бидејќи си работел во портал кој што според законот не е медиум. СДК е регистриран како дигитален весник. Законот е тој. Јас не се откажувам, продолжуваме на Апелација, потоа одиме во Стразбур. Се чувствувам и навреден бидејќи на 27 април да не бевме ние новинарите, немаше да бидат сегашните функционери на власт, нема сега да зборуваме. Нашата храброст и обврска да ја информираме јавноста, успеа да спречиме да не дојде до најлошото – да нема мртви“, изјави во Утрински брифинг, Горан Трпеноски.

„Јас сега би побарал од авторитетите и од Рускоска, ако не сум бил новинар, а во Собрание сум присуствувал како не новинар, тогаш што сум барал во Собрание. Сум залутал? Сум бил во организираната група, сум влегол илегално“, праша Трпеноски.

Сега е време да седнат сите новинарски здруженија, власта, опозицијата, да седнат и да направат измена. Оваа пресуда може да значи еден исчекор напред за решавање на проблем. Имаме конкретна ситуација и една небулоза. Што е можно побрзо ова прашање мора да се стави на хартија и да се реши, смета Трпеноски.

Како што е познато, основниот граѓански суд Скопје ја одби тужбата за надомест на нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка како и за спреченост на правото за информирање при известувањето од организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, поднесена од тогашниот новинар на САКАМДАКАЖАМ.МК, Горан Трпеноски. Во образложението на одлуката на Судот, се наведува дека САКАМДАКАЖАМ.МК не е медиум, а Трпеноски не е новинар.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот