ТРИПУНОВСКИ БАРАЛ АПАНАЖА: СДСМ негодува
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2020
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој беше технички министер за земјоделство бара апанажа поради што реагира СДСМ.
Од СДСМ велат дека барањето за апанажа за неговиот ангажман во преодната Влада е доказ дека за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски важни се само народните пари, а не интересите на земјоделците, на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.
„Кривична пријава за злоупотреба на службена должност, организирање партиски протести на лажни земјоделци и неовластено снимање на вработени во подрачна единици на Министерството, се единствените резултати на Трипуновски во земјоделството. За ова, Трипуновски сега бара се уште да троши пари од граѓаните. Тоа е неодговорно, несериозно и незрело однесување на Трипуновски кој со ваквиот потег само потврди дека за него, единствен интерес се народните пари и кога не работи и кога работи на штета на земјоделците“, наведува СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува реваншизмот и насилието кое што СДСМ го врши врз Цветан Трипуновски, само заради тоа што јавно ги обелодени сите криминали на власта во делот на земјоделието.Самиот Трипуновскји објасни зошто бара апанажа.
„Барањето за апанажа по завршувањето на мандатот како технички заменик министер во МЗШВ доаѓа откако СДСМ, Љупчо Николовски и Трајан Димковски ме избркаа од работа. Јас сум жртва на реваншизмот на СДСМ затоа што јавно истапив и ги обелоденив нивните криминали“, стои во соопштението на Трипуновски.
Од претходниот состав над 40 пратеници побарале апанажа.