15 Мај, 2024
0.0307

Триглав автомобилска асистенција, нова услуга на Триглав Осигурување

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Триглав Осигурување воведе новауслугана пазарот, автомобилска асистенција, којашто на клиентите им нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во Европа.

Триглав Осигурување, како лидер на осигурителниот пазар, континуирано работи на развој на осигурителната индустрија, на подобрување на постоечките и развој на нови производи и услуги, коишто се во согласност со потребите на клиентите и коишто ги следат трендовите и случувањата на локалниот, но и на пазарите во регионот. Таков чекор е и воведувањето на новата услуга, автомобилска асистенција, којашто на клиентите на Триглав Осигурувањеим нуди заштита и поддршка кога таа им е најмногу потребна.

За услугата Автомобилска асистенција

Автомобилската асистенција е услуга, достапна на клиентите на Триглав 24/7 и обезбедува помош во Македонија и во Европа. Опфаќа патнички возила, товарни возила со дозволена маса до 3,5 тони, специјални возила (за домување, камп приколки), како и мотоцикли

Како дополнителна услуга, валидноста на асистенцијата е поврзана со времетраењето на полисата за автоодговорност или каско осигурување, но може да се склучи и поврзе со овие осигурувања во кое било време.

Триглав Осигурување нуди три пакети на автомобилска асистенција, Триглав автомобилска асистенција основен пакет, Триглав автомобилска асистенција Плус и Триглав автомобилска асистенција Комфорт. Во зависност од избраниот пакет, клиентите можат да добијат различни вклучени услуги и поддршка за возилото (помош на пат, помош во случај на изгубени клучеви, извлекување на возилото, достава на гориво, пренос на возилото, итн.)  и за клиентот (превоз, заменско возило, хотелско сместување, заменски возач, придружба на малолетен клиент, помош во случај на смрт во странство, посета на роднини во странство, итн.).

Во промотивниот период Триглав обезбедува посебни поволности за основниот пакет и пакетот Плусза клиентите, корисници на каско осигурување.

Клиентите можат да ја добијат автомобилската асистенција на бесплатниот број 0800 16 206, за повици од Македонија, или пак на бројот +389 2 51 16 206 за повици од Македонија и од странство.

Задоволството и лојалноста на нашите клиенти се најголемиот приоритет воТриглав, и веруваме дека тие се најзначајната потврда за квалитетот што го обезбедуваме, поради што, неуморно работиме на подобрување на перформансите на компанијата.Услугите, како автомобилската асистенција се израз на нашата посветеност, на нашите клиенти да им обезбедиме беспрекорна услуга, да излеземе во пресрет на сите нивни потреби, да направиме сѐ тие во Триглав да се чувствуваат сигурно и заштитено и кај нас да ги обезбедат сите услуги коишто им се потребни, со еден збор, да бидеме нивни партнери,изјави вооваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување повторно ја потврди својата иновативност и посветеноста кон развојот на осигурителниот пазар, како единствена осигурителна компанија која што ќе понуди на пазарот услуга како Автомобилската асистенција - услуга којашто на нашите клиенти ќе импружи поддршка кога таа им е најмногу потребна, а тоа е нашата суштина, да создаваме и обезбедиме вредност, којашто на нашите клиенти навистина им значи”,истакнаизвршниот директор, г-ѓа Сања Танчевска.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти