Три земјотреси ноќеска и утрово во Охрид
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017
Три земјотреси ноќеска и рано утрово го потресоа охридско.
Првиот земјотрес, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 2:37 часот со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 5 километри.
Вториот земјотрес е регистриран во 4:41 часот. Потресот бил со јачина од 3,1 степен според Рихтер, и со епицентар 13 километри североситочно од Охрид на длабочина од еден километар.
Утрово во 5.40 часот имало и трет потрес со јачина од 2.2 степени и на длабочина од 6 км. Епицентарот бил на 11 км од Охрид.
Земјотресите не предизвикаа никакви материјални штети, но дополнително ги вознемирија жителите на Охрид и околните населени места.
Последниве неколку дена имаше повеќе земјотреси во Охрид, Струга и Ресен.