19 Мај, 2024
0.0262

Три работи кои децата не треба да ги слушаат од вас за парите

Објавено во: Финансии 11 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Што и да мислите вие како родители, сте одговорни за финансиската култура и перцепции на своите деца. Според истражувањата 58% од веќе пораснатите деца го даваат како пример советот од нивните родители како највлијателен финансиски концепт кој ги раководи. Сепак цели 58% од родителите изразуваат непријатност кога зборуваат со своите деца за пари.

И додека тоа што треба да им го зборувате на децата за парите, е прашање на личен избор на секој од вас, еве некои работи кои децата не треба да ги слушаат од вас за парите, според весникот „Business Insider“:

Вие велите - „Не ни треба буџет, ќе внимаваме со трошоците“. Децата слушаат: „Нема реална вредност во работите кои ги купуваме, така што можеме да трошиме за она што сакаме“.

Една од најважните работи на кои треба да ги научите своите деца, според повеќето финансиски експерти, е да формираат и да се придржуваат кон добро направени буџети. Така тие нема да трошат за работи кои не им се потребни и ќе научат да живеат во согласност со своите можности. А да живеат според своите можности е еден од клучните фактори за постигнување на финансиска автономија, според речиси сите експерти. Кога им кажете на своите деца дека семејството оперира надвор од прифатените стандарди и концепти, вие практично ги учите дека тие можат да бидат игнорирани. Колку порано ги научите децата на основните принципи за живот според можностите на секој, толку полесно ќе можат тие да се придржуваат кон однапред зацртаните финансиски цели.

Вие велите - „Се разбира имаме познат долг, но тоа не е голема работа“. Децата слушаат “Долгот не е нешто за што треба да се грижиме“.

Дури дел од возрасните не се сосема свесни за тоа како точно функционираат кредитните картички и какви се нивните недостатоци, дефинитивно сепак не сакате и вашите деца да се меѓу нив. Не е потребно да ги заплашувате, важно е сепак, адолесцентите да разберат што практично се долговите и кои се најбезбедните нивоа на задолженост. Во спротивно, тие ризикуваат да станат „кредитодолжници“, кога ќе пораснат. Наместо да се игнорира проблемот со обврските, подобро седнете и разговарајте со своите деца за различните видови долгови, цената на обврските и сл . Така ќе одгледате одговорни иматели на кредитни картички.

Вие велите „...“, односно не зборувате за пари. Децата слушаат - “Лошо е да се зборува за пари, па не го правиме тоа“.

Важно е за децата да растат во средина каде што темата за парите не е табу и се дискутира редовно. Тоа во голема мера ќе им овозможи да достигнат финансиска независност како возрасни, и ќе ги направи одговорни. Давајте им можност да прашуваат за работите поврзани со парите кои ги интересираат. Колку порано ќе почнете да зборувате во семејството за парите и нивните функции, толку подобро.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат