ТРЕБАЛА ДА СЕ МАЖИ НАСКОРО: Жена пожарникар загина во Бејрут
Објавено во: Свет 06 Август, 2020
Сахар Фарес (25) една од ретките жени пожарникарки во Либан загина во обид да помогне. Се обиделе да го изгасат огнот, но немале шанси, по што следувала страотна експлозија.
Фарес е погребана денес, а заради нејзината смрт погоди многумина. Таа била верена и требало следната година да се мажи.
Се верува дека тие не ни знаеле што има во складиштето, односно дека таму е складиран амониум - нитрат.
Тридневна жалост е прогласена во земјата. Четвртина милион луѓе останаа без нивните домови, затоа што експлозијата ги урна фасадите на зградите и ги однесе дури неколку километри подалеку.