18 Мај, 2024
0.0335

Трансформација или криза – што му се случува на Бразил?

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

2013 година се покажа како година на промени за Бразил. Сигналите за постепеното повлекување на паричните стимулации во САД ставија крај на ерата на лесна ликвидност која ги маскираше погрешните економски политики на лидерите на земјата и ја продолжи исцрпувачката етапа на раст, базирана на потрошувачката, пишува FT. Насекаде во Сао Паоло продавниците се накитени со знакот "Распродажба". Во сезоната на намалувањата отстапките достигнуваат дури до 90%, бидејќи трговците се обидуваат да се ослободат од нивните залихи по најлошиот Божиќ оваа сезона. "Нашето семејство потроши помалку пари за подароци оваа година. Всушност смеги  скратиле прилично речиси сите трошоци ", коментира за весникот Марија Ерман де Оливеира, која работи како чистачка во канцеларија. Продажбата на мало во Бразил порасна само за 2,7% во текот на неделата пред Божиќ – што е најслаб раст од 2003 година, поради растечката инфлација и зголемениот долг. Минатата година, сепак не беше разочарувачка само за трговците на мало во земјата. Податоците од оваа недела покажуваат дека во 2013 година сè е променето за Бразил. Според податоците на централната банка минатата година 12,26 милијарди долари ја напуштиле земјата - ова е најсериозниот одлив на капитал од 2002 година. На крајот на минатата недела беше забележан и најлошиот трговски биланс во изминатите 13 години. Асоцијацијата на автомобилски производители, пак, соопштија оваа недела дека продажбата на автомобили се намалила за прв пат по 10 години. Пазарот на акции во Бразил ја запиша најголемата годишна загуба помеѓу 20-те најголеми индекси во светот според Bloomberg. Корпоративниот сектор беше потресен и од најголемиот банкрот во Латинска Америка - на нафтената компанија OGX. Според економистите, меѓутоа судбоносна за Бразил 2013 година може да биде токму она од што земјата има најмногу потреба. По 10 години на власт владејачката Работничка партија ќе биде принудена да се сврти кон пријателски за пазарот политики кои би ја стимулирале економијата и вработувањето. Едно од најголемите разочарувања на инвеститорите е дека владата и понатаму продолжи да смета на раст, управувани од потрошувачката, претежно од купувањето на автомобили. Од 2003 година купувања се интензивираа, охрабрени и од голем број на "засладувачи", кои ги воведе владата за да ја стимулира средната класа на автопазарот. Корисниците сепак се натоварија со прекумерни долгови, а патиштата на земјата се блокирани од ужасен сообраќај. Благодарение на корисничката треска, инфлацијата опасно му се приближи на врвот на централната банка, што ја принуди владата да ги повлече најскапите субвенции за горивата во обид да ги совлада нивните цени. Според пресметките на економистот од Capital Economics во Лондон Дејвид Рис освен инфлацијата, сервисирањето на долговите "јаде" над 20 отсто од приходите на Бразилците. За споредба, во САД се потребни во просек 15 проценти од приходите за исплатата на долгот. Обидите на Владата да даде под концесија неколку автопати и аеродроми се позитивен сигнал за инвеститорите. Неопходно е сепак власта да ги подобри и фискалните политики. Оваа година не се очекува рејтинг агенциите да ги променат оценките за Бразил поради изборите во 2015 година. Притисокот врз политичарите сепак се повеќе се засилува. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?