31 Октомври, 2024
0.0323

Трамвајот наречен желба

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Почетокот на изградбата на трамвајската траса најверојтано ќе се пролонгира. Градските власти инфомираа дека првиот тендер за избор на фирма за јавно приватно партнерство е поништен. Единствената компанија која се пријави, не ги исполнила тендерските услови. Сепак од Градот уверуваат дека нема да се откажат од овој крупен проект, кој беше и главен адут на актуелната градска власт во изминатите локални избори. - Градот Скопје не се откажува од трамвајот. Ние во меѓувреме правиме консултации со други компании кои што учествуваа, но и со оние кои не учествуваа а беа заинтересирани, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски Засега не е познато кога ќе биде следниот тендер. Но извори за Фактор коментираат дека најверојатно кон средината на август ќе се знае судбината за градскиот трамвај. Според градските власти, една од причина што е кочница за фирмите кои конкурираат е финансискиот аспект. Малото учество од 10 отсто на Градот во субвенционирањето на овој проект, била една од причините за пропаѓањето на тендерот, изјави на вчерашните советнички прашања и градоначалникот Трајановски. Од опозцијата кои го поставија прашањето за трамвајот, велат дека иако се сомневаат дека во скоро време ќе се најде компанија за јавно приватно партнерство, сепак посочуваат дека ќе почекаат да видат што ќе се случи кон средината август. Инаку  на тендерот за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје, конкурираше Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација.   Според тендерските услови , концесионерот што ќе се избере е должен да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, однсно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во следните 35 години. Пред објавувањето на тендерот, од градот на неколку пати посочуваа дека за  инвестицијата  покажале интерес неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија, но сепак на тендерот се јави само една компанија. Колку треба да чини инвестицијата Инвестицијата се проценува на  243 милиони евра. Во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Остатокот од инвестицијата треба да го обезбеди концесионерот. Според физибилити студијата, предвидено е градскиот трамвај да го поврзува источниот и западниот дел на градот, поточно да се обраќа од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 километри во двете насоки и фреквентна временска рамка од 3-6 минути. Скопјани требаше да добијат трамвај уште од времето кога во градоначалничката фотелја седеше Трифун Костовски, кој тогаш го најави како клучен проект. Потоа, и сегашниот градоначалник во својот прв мандатдат ја најавуваше изградбата, но првиот тендер се објави дури пред завршувањето на мандадот. Според градските власти пролонгирањето беше оправдано бидејќи се работело за најскапиот и најголемиот проект на Градот Скопје. Ј.С   

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта