13 Мај, 2024
0.0262

ТРАМВАЈОТ НАРЕЧЕН ЖАЛБА: Дали Скопје се откажа од проектот што требаше да го намали загадувањето!

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Градските власти изгледа се откажаа од идејата за изградба на трамвајска траса, што ќе значеше намалување на загадувањето. Тоа беше главен проект на градоначалникот Коце Трајановски при неговата изборна програма.

Единствената компанија која се пријави пред 4 години, не ги исполни тендерските услови. Сепак од Градот уверуваа дека нема да се откажат од овој крупен проект, кој беше и главен адут на актуелната градска власт на изминатите локални избори.

- Градот Скопје не се откажува од трамвајот. Ние во меѓувреме правиме консултации со други компании кои што учествуваа, но и со оние кои не учествуваа а беа заинтересирани, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски  уште во 2013.

Според градските власти, една од причина што е кочница за фирмите кои конкурираат е финансискиот аспект. Малото учество од 10 отсто на Градот во субвенционирањето на овој проект, била една од причините за пропаѓањето на тендерот,..

Инаку  на тендерот за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје, конкурираше Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација.   

Според тендерските услови , концесионерот што ќе се избереше беше должен да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, однсно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во следните 35 години.

Пред објавувањето на тендерот, од градот на неколку пати посочуваа дека за  инвестицијата  покажале интерес неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија, но сепак на тендерот се јави само една компанија. 

Колку требаше да чини инвестицијата

 Инвестицијата се проценува на  243 милиони евра. Во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Остатокот од инвестицијата треба да го обезбеди концесионерот. 

Според физибилити студијата, предвидено е градскиот трамвај да го поврзува источниот и западниот дел на градот, поточно да се обраќа од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 километри во двете насоки и фреквентна временска рамка од 3-6 минути. 

Скопјани требаше да добијат трамвај уште од времето кога во градоначалничката фотелја седеше Трифун Костовски, кој тогаш го најави како клучен проект. Потоа, и сегашниот градоначалник во својот прв мандатдат ја најавуваше изградбата, но првиот тендер се објави дури пред завршувањето на мандадот. Според градските власти пролонгирањето беше оправдано бидејќи се работело за најскапиот и најголемиот проект на Градот Скопје..

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?