ТРАМП ЗА ЗАМЕНАТА НА БАГДАДИ: Сега и тој е мртов!
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2019 18:11
Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека американските војници го убија и лицето кое најверојатно ќе го наследеше Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на организацијата Исламската држава кој деновиве е убиен во Сирија.
„Штотуку е потврдено дека американските војници ја убија првата замена на Абу Бакр ал-Багдади. Тој најверојатно ќе го заземеше првото место. Сега и тој е мртов!“, пишува Трамп на Твитер.
САД во понеделникот потврдија дека е убиен портпарол на Исламската држава, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, кој е сметан за втор човек на таа организација, пренесе Ројтерс.
Курдските сили во Сирија во неделата објавија дека Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските трупи во северна Сирија и дека е ликвидиран во продолжението на операцијата во која претходно загина лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.
Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десна рака“ на Багдади.
Ликвидацијата на Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен во операција на американските специјалци, на прв поглед можеби означува крај на една ера на хаос и терор на Блискиот Исток.Телото на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади војската на САД го погребала во море, само неколку часа по неговата смрт, објави АФП.
Жителите на Сирија и Ирак, кои се меѓу главните жртви на организацијата на Багдади, изразија олеснување по смртта на човекот кој раководеше со самопрогласениот „калифат“.
Турската полиција уапси тројца екстремисти на Исламската држава, кои наводно планирале сензационален напад по убиството на лидерот на терористичката организација, Абу Бакр ал-Багдади, соопшти денеска турската државна новинска агенција „Анадолија“.Саудиска Арабија го поздрави убиството на првиот човек на организацијата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади во Сирија. Според нив, тој го посрамотил исламот и ја искривил сликата за мислиманите и верата.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




