Саудиска Арабија го поздрави убиството на првиот човек на организацијата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади во Сирија.
Наведуваат дека организација „ја искривила сликата за исламот и муслиманите низ светот“ и извршила многу злосторства.
Саудиска Арабија „ќе продолжи со сојузниците на чело со Соединетите Држави во борбата против тероризмот, неговите извори и терористичката идеологија“.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференција потврди дека светскиот терорист број еден, Бакр Ал Багдади, е ликвидиран во заедничка координирана акција на американските и сојузничките сили во градот Идлиб на северозападот од Сирија.
Ал Багдади се убил за време на американската операција со активирање на самоубиствениот појас со експлозив.
Тестовите на ДНК спроведени по завршувањето на операцијата на лице место го потврдиле неговиот идентитет, кажа американскиот претседател.
Багдади бил добро чуван, а се обидел да избега. Пред да се убие, неговите луѓе пружиле отпор.
САД „се ослободија“ од телото на ликвидираниот водач на џихадистичката организација Абу Бакр ал-Багдади, изјави денеска Марк Мили, шеф на здружениот комитет на началниците на генералштабовите на САД.
ПРОГЛАСИ ДВЕ ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ, ОТПОВИКА НАРЕДБИ НА БАЈДЕН: Еве што потпиша Трамп по инаугурацијата - го укина правото на државјанство стекнато со раѓање во САД