17 Мај, 2024
0.0256

ТРАМП УДРИ ВРЗ ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ: Што бара да исполнуваат во НАТО?

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека неговата земја плаќа премногу голем и нерамномерен голем удел во НАТО и дека има земји кои не одвојуваат доволно ресурси. Според податоци на НАТО, 73% од воените трошоци на алијансата се преземат од страна на САД.

Барањето во моментов е секоја земја да одвојува за одбрана барем 2% од своето БДП. Само пет земји-членки (САД, Грција, Полска, Естонија и Велика Британија) ги покриваат барања минимално. Економската локомотива на Унијата Германија троши само околу 1% од својот БДП за одбрана. НАТО се состои од 28 држави (сите се европски без САД и Канада) и одбраната и е колективна. Ако 23 од 28-те членови не го плаќаат својот фер удел, тоа значи дека американските даночни обврзници плаќаат за нивната безбедност. Во моментов уделот на САД за одбрана на НАТО е 650 милијарди долари, а другите земји вкупно издвојуваат околу 250 милијарди.

Исто така има прашање против какви закани мора да се соочи НАТО. За време на екот на Студената војна СССР и неговите сојузници од Варшавскиот пакт имаа речиси 1 милион војници, подготвени да тргнат во војна во Европа. И тоа беше поентата на НАТО и колективната одбрана. Перспективата од илјади советски тенкови да поминат низ реонот Фулда беше сосема реална. Но, тоа беше тогаш, а сега е различно. Русија веќе не е СССР. Вкупниот број воени сили на активна служба во Русија е околу 800 000 луѓе. Не сметајќи ги САД и Канада, НАТО ужива предност во личниот состав над Русија во сооднос 2: 1 - со повеќе од 2 милиони подготвен персонал за распоредување . Со оглед дека економиите на европските земји од НАТО ја засенија онаа на Русија во сооднос 10: 1 (и повеќе) дека европските членки на НАТО се пред Русија во трошоци за одбрана (250 милијарди долари против 66 милијарди долари, односно со разлика од речиси 4: 1), не е јасно како Русија може претставува реална закана за Европа.

НАТО треба да се врати на својата првична намена: колективната одбрана против воените закани за Европа. Проблемот е дека НАТО не с еоткажува од тоа, вклучувајќи го стремежот за „одржување на меѓународниот мир и безбедност.“

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра