Трамп нестрплив за средба со Папата, Ватикан изненаден
Објавено во: Свет 21 Април, 2017
Контроверзниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе му биде голема чест да се сретне со папата Фрaнсис, во текот на претстојната посета на Италија. Сепак, Ватикан е изненаден од ова барање кое не е однапред договорено, ниту пак е закажано со цел и папата Франциск да биде подготвен.
„Многу сум среќен за средбата со папата,“ рекол Трамп на заедничката конференција за новинари со италијанскиот премиер Паоло Џентилони, по разговорот за подготовка на самитот на лидери на Г7, кој треба да се одржи на 26 и 27 мај во Таормина, Сицилија. Претходно, тој ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел.
Вообичаена пракса е лидерите да ја известат Светата столица неколку месеци однапред за барање за аудиенција кај папата.