02 Мај, 2024
0.0252

ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА: Едно лице загина, седум се повредени, околу 200 блокирани поради несреќа на жичарница (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Едно лице загина, а седум се повредени во градот Тунектепе во близина на јужниот турски град Анталија кога кабината на жичарницата удрила во столб и се отворила, а неколку патници испаднале, соопштија денеска локалните власти.

Градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочер рече дека 184 други патници останале заробени во 25-те кабини на жичарницата на висина од неколку десетици метри додека инженерите се обидувале да го рестартираат системот.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја истакна дека во спасувачката операција учествувале повеќе од 160 припадници на Службата за брза интервенција.


Хеликоптери опремени со опрема за ноќно гледање беа повикани да спасат 184 луѓе кои се уште беа заробени во кабините на жичарницата, рече градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочек, во изјава доцна во петокот.

„Нашите специјализирани тимови се тука. Дај Боже, ќе ги спасиме сите за кратко време“, рече Бочек.

Смртта и повредите настанале кога една од кабините во системот на жичарницата на релација Сарису-Тунектепе паднала во карпеста област по уривање на столб, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Пет лица кои биле во кабината се евакуирани со хеликоптер, додека двајца се уште чекаат да бидат префрлени, објави тој на платформата Х.

На местото на несреќата се испратени околу 110 припадници на итната помош, рече Јерликаја, додека дополнителни специјализирани планинари се испратени од други делови на Турција.

Група од 10 опозициски пратеници, исто така, се упати кон местото на несреќата за „детално да ја истражат несреќата“, рече Озгур Озел, претседател на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа